ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Со Законот за ЈО Мицковски сам се доведе до мат позиција

Што ги отежнува преговорите за донесување на Законот за Јавно обвинителство? Едноставно, не може да се преговара со партија во која актуелните функционери се обвинети од СЈО. Оние што се лично засегнати, а со тоа и самата партија, не може да се очекува дека ќе се залагаат за правда, независно обвинителство, силни обвинители и владеење на правото. Ако е така, тогаш тоа ќе им се удри од глава.

January 31, 2020 12:46
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По завршувањето на јавната дебата во парламентот за Законот за јавно обвинителство, а посебно од јавните настапи на партиските претставници со коментари за јавната расправа, се откри вистината како, до ден денеска, ВМРО-ДПМНЕ не попушта за законот. Одамна нема сомнеж дека предметите на СЈО се трн во око на Христијан Мицковски. Дури веќе држи и тезата дека тој ќе остане на претседателската функција само ако испорача ослободување на сите криминалци на партијата.

Преговорите за законот траат една година проследени со низа конфронтации и јавни препукувања. Летото опозицијата имала шанса да го прифати предлогот таа да го предлага обвинителот против организиран криминал и корупција, но се покажало дека тоа е ирелевантно за партијата на Христијан Мицковски, односно дека многу поголем приоритет даваат на поништувањето на предметите на СЈО, отколку на важноста да се изгради независен обвинителски систем што ќе гарантира правда.

ВМРО-ДПМНЕ настапувале со серијал предлози околу законот. Во неколку наврати СДСМ оценувало дека предлозите се конструктивни и влијаат на подобрување на законот и затоа ги прифаќале, но секогаш кога се мислело дека е крај со предлозите и конечно преговарачите на ВМРО-ДМНЕ ги исцрпеле од дневен ред, се појавувале нови и нови предлози. На крајот, во СДСМ сфатиле дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е да помине септември, кога и ќе престане мандатот на специјалните обвинители за да добијат уште еден простор во обидот да ги згаснат досиејата против криминалците во нивните редови.

Што ги отежнува преговорите за донесување на Законот за Јавно обвинителство? Едноставно, не може да се преговара со партија во која актуелните функционери се обвинети од СЈО. Оние што се лично засегнати, а со тоа и самата партија, не може да се очекува дека ќе се залагаат за правда, независно обвинителство, силни обвинители и владеење на правото. Ако е така, тогаш тоа ќе им се удри од глава. Просто кажано, како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат закон, со тоа да овозможат создавање на професионална институција која потоа нив ќе ги гони, а може и ќе ги однесе во затвор. Тука лежи зајакот, како да се заштити сопствената кожа.

На јавната дебата беа изнесени низа критики и пофалби за законското решение. Подготвеноста на Министерството за правда да ги вметне предлозите и забелешките во текстот на законот се транспарентен обид да се натераат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат на последната рунда од носење на законот. Ако навистина правниците во комисијата повеќе изнеле критики, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ете им добра прилика да подготват амандмани со забелешките на експертите и да го подобрат законот.

Но не, тоа ништо нема да смени во поглед на предметите на СЈО, кои, и да не се опфатени со новиот Закон за јавно обвинителство, ќе може да се процесуираат според Законот за кривична постапка. Ако ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани, а мнозинството пратеници ги прифати, тогаш тие ќе мора да гласаат за законот. Затоа ним им е подобро да игнорираат да опструираат и да ја дефокусираат дебатата за законот, само за да згасне криминалот во предметите на СЈО.

Ова е шах- мат позиција за Мицковски и за ВМРО-ДПМНЕ, во која самите се доведоа. Нејасно е како не сфаќаат дека нема да им помине филмот, или сфаќаат ама се прават лудаци. Повторно.

ПРВА ЛИНИЈА

 


Преземањето е слободно и добредојдено. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk