ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Грдо е за новинарството

На широкота медиумска сцена пак почнуваат расфрлања со клиентелистички манири кои не кореспондираат со елементарните скрупули нужни за журнализмот како професија и како животна преокупација.

February 3, 2020 17:59
in ДЕНЕС, ФРОНТ
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Плукањето пак станува популарен спорт. Како се наближува април, интензитетот ќе се засилува. Кампањата е најпогодниот амбиент за тоа. Почнува општото плукање. Откај политичарите пред сѐ. И од новинарите исто. Инфекцијата пак предизборно ја зафати професијата. Некои досега се усовршија до степен за на олимпијада.

Тоа што политичарите си се плукаат не е необично. Тоа е дел од нивната животна определба. Посебно овде на Балканот. Тоа што поради политиката си се запизмуваат и новинарите и што и тие, злоупотребувајќи ги и професијата и медиумот во кој егзистираат, меѓу себе јавно си се потплукнуваат, што не си ги контролираат амбициите, е несвојствено за професијата. Во нејзината основа е, барем би требало да биде, етиката. Без неа нема новинарство.

Жалното е што од оваа новинарска плукачка корупција, од овој новинарски вирус, се инфицирани еминентни новинари. Водечки пера на македонскиот журнализам. Познати, влијателни имиња кои своите ниски политички страсти ги истураат врз свои колеги. И наместо преку аргуметирани анализи, си го прават тоа преку навреди, вулгарности, клеветења. Медиумот во кој и од кој се егзистира, е злоупотребената платформа за нескриени лични цели.

На широкота медиумска сцена пак почнуваат расфрлања со клиентелистички манири кои не кореспондираат со елементарните скрупули нужни за журнализмот како професија и како животна преокупација. Кога новинарството, попрецизно негови еминетни експоненти се подместуваат да ѝ слугуваат на политиката, да ѝ се потпикуваат со амбиција за своето место под ново сонце, новинарството тогаш останува без својата елементарна есенција. Без својата изворна суштина да ѝ слугува на јавноста, а не на политиката.

И сега, и во ова предизборие, познати, афирмирани, влијателни новинари и уредници како да забораваат на својата журналистичка мисија. Нивната услужливост е препознатлива. Преку партија да се дојде до удобна директорска столица или до уште по привилегирана амбасадорска фотелја. На нивните партизирани амбиции жртви се колегите, редакциите, програмските содржини, јавноста. Најмногу, професионалните медиумски принципи. Цели редакции се во функција на амбициозните уредници желни за привилегирани државни позиции. Воопшто, жртва е новинарството и како седма сила и како четврта власт.

Избори се ближат. Додека јавноста од медиумите, од нивните уредници очекува менаџирање професионален информативен амбиент, разбирливо за политичарите, неразбирливо за новинарите, плукањето и меѓу нив добива на интензитет.

Меѓуновинарското плукање веројатно е профитно за личната амбиција на новинарот. Ама е грдо за новинарството.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Спасовски: Мораме да покажеме национален консензус за важните прашања

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk