По разногласието во јавноста и обидите да се спинуваат инфоромациите што доаѓаат од Собранието во кое ќе се носи Законот за јавно обвинителство, се чини дека процесот, сепак, тече нормално и може да се очекува позитивен исход од овој процес. Политичката согласност околу содржината на Законот за јавно обвинителство воопшто не е загрозена.
Од СДСМ брифираат дека денеска се работело на технички усогласувања околу времето на стапување на сила и времето на почеток на примена на законот, а имајќи ги предвид неопходните подготовки што институциите мора да ги спроведат за да истиот може да почне да се применува.
„Законот со својата конечна верзија е веќе во собраниска процедура и очекуваме собраниската да започне многу скоро“ – брифираат од СДСМ.