ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Усогласениот и усвоен текст на Законот за јавно обвинителство е доставен до Собранието

February 10, 2020 22:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата соопшти дека на вчерашната седница се разгледувани Предлог-законите за јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители. Во текот на седницата беа изнесени сугестии од министерката за финансии, Нина Ангеловска, од Секретаријатот за законодавство и од вице-премиерот Бујар Османи.

Во Предлог-законот за јавно обвинителство беа внесени корекции кои се однесуваа на финансирањето на Јавното обвинителство и усогласување на стапувањето во сила со примената на законот. Владата донесе заклучок Предлог-законот за јавното обвинителство со тие дополнувања да биде доставен до Собранието.

За жал, во текстот кој што е пратен беа направени ситни технички грешки кои се однесуваа токму на корекциите кои беа усогласени на седница на Владата и од тие причини испратениот текст на Предлог-законот за јавното обвинителство е повлечен. Владата, по направените исправки повторно го достави до Собранието.

Што се однесува до Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители имаше повеќе предлози за негова измена. Во текот на дебатата на седницата на Владата беше прифатено додавањето на упатна норма на Законот за употреба на јазиците и додавање на двојното гласање за изборот на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на криминал и корупција.

Во текстот што беше испратен до Собранието беше испуштена упатната норма на Законот за употреба на јазиците, а одредбата за двојното гласање беше непрецизно формулирана.

Од тие технички причини, текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители беше повлечен, со цел да се испрати законски текст со содржина каква што беше усвоена на седница на Владата на Република Северна Македонија.

Tags: ВладаЗакон за ЈОправда
Next Post

Дескоска: Нема потреба од ново усвојување поради техничка грешка, немаше никакви координации

НАЈНОВО

куче

Во Италија има повеќе миленици отколку новороденчиња – демографската криза станува алармантна

November 15, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

November 15, 2025

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk