ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Дволичноста на Мизрахи и Чулев, пред амбасадорите Северна Македонија, пред народот никогаш Северна

Двојната игра на техничките министри, едно име за надвор, друго за дома, потсетува на настапите на Христијан Мицкоски. Тој пред меѓународните претставници и пред државниците од регионот уверува како ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува договорите со Грција и Бугарија, како гарантори на европската иднина на државата, за што постои и видео материјал, а пред македонските граѓани најавува преиспитување, па дури и поништување на договорите.

February 11, 2020 22:00
in ESPRESSO, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите на ВМРО-ДПМНЕ играат двојна, лицемерна улога со употребата на уставното име на Република Северна Македонија (РСМ). Пред меѓународната јавност, за да демонстрираат конструктивност и државност, го користат уставното име, за пред граѓаните, во обид да издејствуваат гласови за избори врз националистичка карта, глумат дека не го признаваат името и го користат старото име на државата.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во комуникацијата со странските амбасади во Скопје, испраќа писма во кои државата ја именува со Република Северна Македонија. Деновиве тој испратил такви писма до амбасадорите со протоколарна содржина, на кои е лично потпишан. Со потписот, Чулев практично стои зад напишаното во писмото, а таму стои уставното име на државата. Но, така е за пред странците, пред македонската јавност министрите на ВМРО-ДПМНЕ во патриотски стил одбиваат да го изговорат новото име, па и понатаму упорно го користат старото.

Ништо поинаку не е ни во комуникацијата на другите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои се дел од техничката Влада. И тие својата коресподенција ја водат така што го користат уставното име на државата, затоа што поинаку би било кршење на Уставот. Исто како што е настапот на техничката министерка Рашела Мизрахи пред старата табла во Министерството за труд и социјална политика. Потоа, сите нејзини обиди да ја оправда таквата постапка беа неосновани и нелогични. На крајот, со изјавата дека ќе плати казна од 5.000 евра, ама таблата со старото име нема да ја отстрани, самата си ги погази претходните изјави, како таа на пример, дека таква табла наследила од претходничката Мила Царовска.

Но, со појавувањето на втора прес конференција пред истото пано, без новото уставно име Република Северна Македонија јасно стана дека првото појавување на Мизрахи било само провокација кон државните институции и груб обид за манипулација со гласачите. Ако не е така, тогаш таа можела во периодот помеѓу двете прес конференции да го смени паното кое наводно го наследила. Ама не, таа остана доследна со кршење на Уставот за да привлече гласови, особено од радикалните структури.

Ваквата двојна игра на техничките министри, едно име за надвор, друго за дома, потсетува на настапите на Христијан Мицкоски. Тој пред меѓународните претставници и пред државниците од регионот уверува како ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува договорите со Грција и Бугарија, како гарантори на европската иднина на државата, за што постои и видео материјал, а пред македонските граѓани најавува преиспитување, па дури и поништување на договорите.

Ако се оди и подлабоко или во минатото, тогаш постои конзистентност на дволичната улога на ВМРО-ДПМНЕ. Во 11-те години режимско владеење тие не прекинаа да зборуваат за НАТО и Европската Унија и декларативно да го лажат народот дека државата оди кон европските интеграции, а во пракса направија РСМ да биде изолирана, непочитувана, заборавена и скарана со сите соседи.

И сега кога државата е вратена на вистинскиот колосек и го оди патот кон Брисел, кога некој навистина дипломатски одработи и соседите, од ривали, ги претвори во лобисти за нашата земја, ВМРО-ДПМНЕ го користи национализмот да демонстрира дека наводно ѝ е дојдено до името на државата, иако јасно е дека во позадина стои намерата како да го придобијат тврдокорното членство во партијата, кое во изминатите години им откажува послушност, пред сѐ, поради незадоволство кон политиките на Мицкоски: Една од нив е и оваа со двојните аршини кон уставното име на државата.

FRONTLINE

 


Содржините потпишани со FRONTLINE се заеднички труд на најмалку двајца членови на Редакцијата. Линк до ИМПРЕСУМ. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk