ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Новата реалност постои, а министерката Мизрахи треба само да се сообрази со неа

Со датумот на промена на Уставот во Република Македонија веќе е создадена нова реалност и внатре во земјата и во односите на државaта со светот. Министерката Мизрахи само треба да ја види и евентуално да се сообрази со нејзе. Таа може и да работи на создавање на друга релност, враќање на старото име, било што друго, но тоа да се прави од позиција на министер во Владата на РСМ од која прима плата, а без нова политичка реалност на теренот, очигледно е извртување на вистината, пишува Вистиномер.

February 11, 2020 10:39
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со датумот на промена на Уставот во Република Македонија веќе е создадена нова реалност и внатре во земјата и во односите на државaта со светот. Министерката Мизрахи само треба да ја види и евентуално да се сообрази со нејзе. Таа може и да работи на создавање на друга релност, враќање на старото име, било што друго, но тоа да се прави од позиција на министер во Владата на РСМ од која прима плата, а без нова политичка реалност на теренот, очигледно е извртување на вистината, пишува Вистиномер.

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи даде изјава во која се детектира спин:

Спин: Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика.

Кoнтраспин: Голема врева се крена во јавноста изминатиот викенд поради еден потег на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која после серија изјави и обвинувања, заврши со изречен спин од нејзина страна.

СДСМ, од една и Мизрахи од друга страна, се фокусираа на тоа дали имало или немало стара и нова табла во самото министерство на која ќе стои изменетото име на државата Република Северна Македонија. Па, Мизрахи тврдеше дека нема, туку дека имало само некој бел банер со кој претходната министерка ја покривала таблата, заменичката на Мизрахи тврди дека таа лаже, а вади фотографии од кои навистина се гледа белиот банер, министерот за надворешни работи Никола Димитров свикува прес конференција и бара повлекување на старата табла или оставка или разрешување на Мизрахи, итн, итн.

Во целата оваа мешаница не е најважно прашањето дали има или нема нова табла. И да има нова табла, за очекување е дека министерката Мизрахи ќе се фотографира и ќе дава изјави пред старата табла поради нејзинито лично убедување, кое, де факто, кога се користи за одбрана на нејзината постапка, е извртување на вистината т.е. спин.

Имено, Мизрахи тврди дека “не ја игнорирала реалноста, но немало да дозволи создавање на нова реалност“ и дека „демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин било дека кога ќе видел неправда да реагирал по истата“….

Министерката мисли на „неправдата“ со промената на името на Република Македонија во Република Северна Македонија. Но, министерката заборава две работи. Првата е, дека „неправдата“, сепак, е направена во Собранието на државата со две третини од гласовите на пратенците, така што за да се исправи, нејзината партија ќе мора да собере две третини од гласовите, а и тогаш е многу дискутабилно, зашто таа „неправда“ овозможи влез во НАТО и дозволува започнување на поинтензивен развој на евроинтеграциите, со преговори за членство кои се очекуваат наскоро.

Втората е дека со датумот на промена на Уставот на Република Македонија, веќе е создадена нова реалност и внатре во земјата и во односите на државата со светот, бидејќи државата на Македонците и на другите граѓани што живеат во нејзе е преименувана во Република Северна Македонија.

Министерката Мизрахи само треба да ја види новата реалност и евентуално да се сообрази со нејзе. Таа може и да работи на создавање на друга релност, враќање на старото име, било што друго, но тоа да се прави од позиција на министер во Владата на РСМ од која прима плата (и не ја враќа), а без нова политичка реалност во смисла на нов распоред на политичките сили, очигледно е извртување на вистината, т.е. спин, чија намена може да се претпостави во предизборниот политички маркетинг.

Извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk