Во Скопје се отвора нов Центар за деца со церебрална парализа, извести заменик министерката за труд и социјална политика Санела Шкријељ.
„Грижата за општеството значи грижа за сите граѓани подеднакво. Како дел од социјалната реформа и инклузијата на децата со попреченост во заедницата, новиот дневен центар е изграден во рамки на основното училиште „Киро Глигоров“, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, општина Центар и Здружението на родители на деца со церебрална парализа.“