Ставот на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи дека ќе продолжи да ја користи таблата со старото име, го објавуваат медиуми во Грција, пренесувајќи го текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
„Северна Македонија: Продолжува да провоцира министерката за труд“; „Скопје: Министерката за труд не ја симна таблата со името „Република Македонија“; „Министерка на Северна Македонија инсистира на старата табла“; „Министерката од ВМРО одново се појави пред контроверзната табла Република Македонија“; „Северна Македонија: Министерката за труд не ја трга таблата со старото име на земјата“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.