ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поддршка од 10 милиони евра за спортот преку ваучерскиот систем

Ваучерскиот систем иако почна да се спроведува лани на крајот од годината, покажал одличен потенцијал и дава одлични резултати.

February 13, 2020 12:10
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 10 милиони евра годинава ќе бидат распределени на спортските федерации, клубови и индивидуални спортисти преку системот на спортски ваучер за кој средствата се обезбедуваат преку приватните компании кои имаат можност со издвојување на 50 отсто од данокот на добивка да го инвестираат директно во спортот.

Како што истакна на денешната прес-конференција претседателот на Владата Оливер Спасовски, означувајќи го стартот на проектот за оваа година, тој ја потврдува владината и определбата на Агенцијата за млади и спорт за поддршка на спортот преку создавање најдобри услови за поддршка на спортот. Ваучерскиот систем иако почна да се спроведува лани на крајот од годината, покажал одличен потенцијал и дава одлични резултати.

-Поучени од првичното искуство со мерката во 2019 година, оваа година ваучерскиот систем за поддршка на спортот го почнуваме сега и ќе трае до крајот на 2020 година. Тоа ни дава за право да бидеме уверени дека проектираните средства од дополнителни 10 милиони евра за поддршка на спортот од ваучерскиот систем ќе бидат искористени целосно, односно 100 проценти. Дополнителните 10 милиони евра стигаат до крајните корисници – националните спортски федерации, клубовите и индивидуалните спортисти од олимписки и неолимписки спортови за создавање на квалитетни услови за врвни остварувања во клупскиот и во индивидуалниот спорт, рече Спасовски.

Тој потенцира дека овие средства доаѓаат од стопанските субјекти кои на овој начин ја остваруваат својата улога како општествено одговорни компании.

-Согласно последните доделени средства опфатени биле речиси илјада спортски субјекти и спортисти  добиле ваучери и поддршка од државниот буџет нешто што претходно било само мисловна именка. Со ваучерскиот систем приватните компании 50 отсто од данокот на добивка имаат можност да го инвестираат директно во спортот. Тоа значи подигнување на нивото на развој на квалитет на спорот и зголемување на финансиската моќ на спортските клубови. Преку овој принцип ќе се овозможи секој спортски клуб да стане атрактивен и посакуван партнер за успешните стопански субјекти со тоа компаниите покрај сопствената промоција и општествено одговорната работа ќе добијат и мотивација за вложување во спортот, рече Спасовски.

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски рече дека 43 национални спортски федерации, 454 спортски клубови и 320 индивидуални спортисти годинава преку ваучерскиот систем ќе добијат дополнителна финансиска поддршка.

Тој се заблагодари на Централната комисија и комисиите во националните спортски федерации за ангажманот во рангирањето на сите клубови и спортисти без кои денес не би можеле да ги поделат ваучерите.

Претседателката на Ракометниот клуб „Металург“ Зорица Блажевска со поддршка на мерката за спортскиот ваучери, која, како што рече, им овозможила во клубот кој западна во финансиски проблеми од 2014 година, да ги надминат проблемите, да се вратат на старите патеки и да ја продолжат успешната приказна.

Спасовски најави продолжување на вложувањата во спортот, а заедно со Каевски и Блажевска ги повикаа приватните стопанственици и менаџерите на компаниите да ја поддржат оваа мерка и како и лани и оваа година да продолжат да вложуваат во спорот.

Next Post
Српски таблоиди. Фотографија од Зоран Дрекаловиќ / „Истиномер“

Како Русија влијае врз српските медиуми

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk