Девојче на возраст од 14 години е првата жртва од сезонскиот грип во Македонија, јави телевизијата Алсат М.
Информацијата ја сподели со јавноста епидемиологот Гордана Кузмановска.
Како што рече таа, покрај грипот, девојчето боледувало и од други болести.
Таа посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип што е зголемување за 27,9 отсто споредено со неделата пред неа кога биле регистрирани 2.825 заболени.
Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца, лица со хронични заболувања и повозрасни лица.
– Ги имаме и на Инфективната клиника и на Детската клиника. Во текот на изминатата недела не е регистриран смртен случај, потенцира д-р Кузмановска.