ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Првпат социјалните мрежи предизвикаа криза во партијата на Макрон

Одлуката на Бенжамин Граво, уследи само 48 часа по објавувањето на интернет на видео снимки и компромитирачки пораки, само еден ден по објавувањето на неговата програма за градоначалник на Париз.

February 15, 2020 14:00
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот на Републиката во движење, Бенжаман Гриво вчера се откажа од кандидатурата за градоначалник на Париз поради објавување на социјалните мрежи на пораки и видео со сексуални содржини. Тоа е прв случај во политичката историја на Франција, снимки поставени на социјалните мрежи да имаат непосредно влијание врз една предизборна кампања, но и директни последици за претседателот на Франција Емануел Макрон, кој се обидува повторно да го освои јавното мислење во земјата, јави дописникот на МИА.


Гриво е поранешен портпарол на француската влада и член на партијата на францускиот претседател Мануел Макрон.

– Моето семејство не го заслужува тоа. Никој не треба да поднесе такво насилство. Затоа одлучив да ја повлечам кандидатурата за општинските избори. Повеќе не сакам да го изложувам моето семејство и себе си, кога сите удари се дозволени, изјави Бенжаман Гриво.

Неговата одлука уследи само 48 часа по објавувањето на интернет на видео снимки и компромитирачки пораки, само еден ден по објавувањето на неговата програма за градоначалник на Париз. Се до повлекувањето на кандидатурата, Гриво беше критикуван од неговите политички противници, но наеднаш целата политичка класа му изрази симпатии и му испрати пораки на поддршка.

Според неименуван пратеник од редовите на Републиката во движење повлекувањето на Гриво од трката за градоначалник на Париз, делуваше како „политички земјотрес“ за мнозинството и извршната власт, бидејќи Гриво во изминатите четири години е едно од најпознатите лица во авантурата што го доведе Емануел Макрон до Елисејската палата.

Додека францускиот премиер Едуард Филип наведе дека ќе ја почитува одлуката на Гриво.
– Мислам на Бенжаман Гриво, кој донесе свесна одлука. Тешка одлука. Итно да се остават на мир човекот и неговото семејство, посочи Филип.

Раководството на партијата Република во движење се обидува да најде брза замена, бидејќи изборите се во март и кампањата е во полн ек, според Станислас Герини, генералниот делегат на партијата, името на кандидатот кој ќе го предводи претседателското мнозинство во Париз, ќе биде познато на почетокот на идната недела.

Инаку, одговорноста за објавувањето на компромитирачките снимки ја презеде рускиот артист Пјотр Павленски, кој доби политички азил во Франција во 2017 година, во порака испратена до весникот „Либерасион“.

– Бенжаман Гриво е некој кој постојано се потпира на семејните вредности, кој вели дека сака да биде градоначалник на семејствата и секогаш ја наведува за пример неговата сопруга и децата, објасни Павленски.

Павленски е 35-годишен контраверзен уметник и милитант. Тој во јануари 2019 година беше осуден на три години затвор во Париз, од кои две условно, откако ја опожари фасадата на „Банк де Франс“ во октомври 2017.

Next Post

Манчестер Сити две сезони надвор од Лига на шампиони

Shortcut

Најново

Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk