ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Презедовме чекори кон силна и способна правна држава, доаѓа правда

Заев истакна дека со овој Закон, гарантирана е судска разрешница на сите започнати судски процеси и постапки иницирани од СЈО и дека сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. Тој доддаде дека на обвинетите ќе им се суди врз база на докази обезбедени низ долги постапки, за што основни индиции беа прислушуваните разговори, односно бомбите

February 16, 2020 16:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По изгласувањето на Законот за Јавно обвинителство, претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција рече дека денеска е ставен уште еден темел на неселективната правда и правосудството. Тој потенцира дека ова 2/3 пратеничко мнозинство се избори за тоа што го побараа граѓаните: правда и борба против криминалот и корупцијата. Заев истакна дека се преземени чекори кон силна и способна правна држава.

Заев истакна дека со овој Закон, гарантирана е судска разрешница на сите започнати судски процеси и постапки иницирани од СЈО и дека сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. Тој доддаде дека на обвинетите ќе им се суди врз база на докази обезбедени низ долги постапки, за што основни индиции беа прислушуваните разговори, односно бомбите.

Нема скриена амнестија за никого, потенцира Заев, ниту за стари ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорноста и секој што допрва ќе го прекрши Законот ќе се соочи со одговорност, нагласи Зоран Заев

„Почитувани граѓани,

Успеавме!

Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот.

Правда и борба против криминалот и корупцијата – за тоа се заложивме, тоа бараат македонските граѓани, за тоа се изборија 2/3 од пратениците во Собранието.

Презедовме чекори кон силна и способна правна држава, доаѓа правда!

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и за нашата европска интеграција, ги победија притисоците и гласаа ЗА усвојување на Законот за јавно обвинителство.

Денес огромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, желбата за правда ја победи желбата за крадење пари.

Со овој Закон, гарантирана е судска разрешница на сите започнати судски процеси и постапки иницирани од СЈО. Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази кои беа обезбедени низ долги постапки, за што основни индиции беа прислушуваните разговори, односно бомбите.

Нема скриена амнестија за никого, ниту за стари ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорноста. Секој што допрва ќе го прекрши Законот ќе се соочи со одговорност.

Со овој Закон се гарантира дека политичарите нема да можат да бираат и именуваат обвинители ниту да одлучуваат за иднината на предметите. Тефтерчињата со кои се рушеше правдата ќе останат да сведочат за едно време на неправда, време на заробена држава и криминална власт. Сега дојде друго време кога политичарите мора да бидат подалеку од правосудството.

За жал, раководството на ВМРО-ДПМНЕ не се одважи и не гласаше за правна држава. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ниту за европска иднина. Тие се единствените што се противеа на овој чекор кон правдата. Тоа јасно покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Белиот дворец преку раководството на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште е заложник на осудениот криминалец,Никола Груевски.

Извршителот Мицкоски направи се да го спречи носењето на овој закон, да ги исполни желбите на неговиот шеф и да одбрани криминал.

Не успеа! Не дозволивме да се загрози правдата, не дозволивме да се загрози европската иднина на земјата.

Тие чекор назад, ние три чекори напред! Напред кон изградба на способна држава, држава по европски правила и стандарди. Овој чекор напред е јасен сигнал дека ние не запираме со реформите. Разумно, посветено и одговорно, праќаме јасна порака и силен аргумент колку ни е важна европската иднина на нашата земја, ние продолжуваме, но сега и Европската Унија е на потег. ЕУ мора да го види и препознае овој нов балкански потенцијал. Нашата земја е земја која своите обврски ги реализира, ги исполнува.

Почитувани граѓани на ЕУ, почитувана Европска Комисијо, почитувани лидери на земјите членки на ЕУ,

Ние нашите ветувања ги исполнивме, време е и ЕУ да го исполни своето ветување, одлука за почеток на преговорите.

Јас верувам дека Северна Македонија и Европската Унија се подготвени за следниот чекор.

Почитувани граѓани,

Реформата во судството мора да продолжи.

Со крената глава стојам пред Вас и барам нов, чист мандат. Правосудството да го прочистиме од нечесните судии и обвинители, за чесните и професионалните непречено да можат да ги употребат системските решенија кои носат правда.

Заедно ќе продолжиме напред со одлучни чекори за вистинска и неселективна правда. За европска перспектива, но и одговорност за сите кои го прекршиле законот! За напредок, развој и членство во НАТО и ЕУ!

Ве повикувам сите, приклучете се во борбата за правда. Денешната победа нека биде мотив, заедно да постигнеме многу повеќе. Заедно да чекориме во изградбата на правната држава.

Затоа, ве повикувам сите правдољубиви луѓе, утре – понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот “Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот!

Се гледаме утре во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда!“, истакна Зоран Заев на прес-конференцијата.

Next Post

(ВИДЕО) Инцидент во Собранието - Пешевска ја нападна Нола Исмајловска

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk