ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Новоформираната комисија во МВР од вчера одлучува за издавање итни пасоши

Mинистерството за внатрешни работи попладнево преку соопштение информира дека со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев формирана е комисија која поради ограничениот број обрасци на патни исправи одлучува кои барања на граѓани се итни и неодложни да бидат процесирани во итна постапка со цел издавање патни исправи, oбјави  360 степени.

February 20, 2020 17:20
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерството за внатрешни работи попладнево преку соопштение информира дека со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев формирана е комисија која поради ограничениот број обрасци на патни исправи одлучува кои барања на граѓани се итни и неодложни да бидат процесирани во итна постапка со цел издавање патни исправи, oбјави  360 степени.

„Барањата за издавање патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи, со назнака дека се работи за ‘итни’ барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата. Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето подносител“, се вели во соопштението, во кое се наведува дека оваа комисија веќе го одржала првиот состанок вчера и разгледала 77 барања.

Чулев изминатите денови во повеќе наврати го обвини неговиот претходник Оливер Спасовски дека виновен за проблемот со недостиг на пасоши.

Пред два дена тој на прес-конференција соопшти дека МВР располага само со уште 3 600-3 700 обрасци за патни исправи и дел од нив – околу 650 лица, ќе бидат за оние што аплицирале за добивање пасош по итна постапка, додека останатите ќе се чуваат за приоритетни медицински случаи.

Спасовски му одговори дека е тој што треба да ја утврди одговорноста и дека тој треба да ѝ објасни на јавноста за новонастанатата криза. Меѓутоа, техничкиот премиер појасни дека и во Владата веќе размислуваат како и на кој начин да помогнат да се најде конечно решение на овој проблем.

Денеска тој предложи, како начин за надминување на кризата, Владата да усвои методологија со која со печат и со испраќање нота до државите во светот ќе се пролонгира важењето на пасошите сè до моментот на пристигнување на нови патни исправи.

Најави дека на 24 март или порано треба да пристигнат 100 илјади обрасци за пасоши, а другата пратка се очекува да пристигне септември или октомври годинава.

Извор: 360 степени

Next Post

Пировска: Државата мора да почне енергично да се бори против говорот на омраза

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk