Треба да разберат ВМРО-ДПМНЕ една работа која е многу важна, а богами да разберат и оние кои мислат дека „сите се исти”. Ако мислат дека со радикализација се доаѓа на власт, ако мислат дека со чистење и враќање на договорот од Преспа е доволен адут за водење на земјата, тогаш сами ќе се доуништат бидејќи не можат да го „соџвакаат” тестот на реалноста.
Со нивната радикалност која е бесмислена и штеточинска, само ќе допринесат што повеќе луѓе да си заминат од земјата, оти знаат и самите, луѓето не си одат нужно само заради материјални сретства, туку си одат затоа што атмосферата и климата меѓучовечка е грозна и поделена. Живееме во идеолошки ровови и едни со други не разговараме.
Денес нам ни треба мир, стабилност, дијалог и консензус за сите прашања кои во политиката не делат. Единствена реална и опиплива парадигма на таквата политика е политиката на Заев која, притоа, го помина и тестот на реалноста.
Некои луѓе може да се лутат и негираат, ама ви велам, таа парадигма го помина тестот на реалноста. А реалноста е следна: ако имаш добра надворешна политика, тогаш имаш и добра внатрешна политика. Плати се покачуваат за дупло, денес на доктори платите им се по 80.000 и кусур денари, минимална плата е 14.500 итн. А бидејќи не е се до парите, туку нешто е и до атмосферата. Дали некому оваа влада се заканила, дали некого го избркала од работа заради тоа што некој е политички неподобен? Дали се суди од тефтерчиња? Дали на вмроовци им фали влакно од главата? (Мислам на обични членови?)
Така и си мислев. Ако, пак, ви треба некое наравучение, вам ви го оставам. Фала многу на внимание.
Пишува: Ненад Јовановиќ