Вицепремиерот Бујар Османи, денеска се појави како сведок во случајот „Монструм“ кој во тоа време беше портпарол на ДУИ.
Османи во судот изјави дека се сретнал со семејството на тогаш заштитениот сведок, а сега обвинет Хаки Азири.
„Бев кај семејството на Хаки Азири за да им ги пренесам ставовите на ДУИ во својство на портпарол“, изјави Османи на прашањето на обвинителката Фатиме Фетаи за причините на неговата посета на семејството.
Како што пренесуваат медиумите Османи изјавил дека очекува судењата да бидат потранспарентни, не само за овој случај, туку и за другите. Од таа причина ДУИ барала повторување на постапката, но како што тврди Османи, партијата не влијаела врз судството обвинетите да се бранат од слобода.