ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што да избереме: Нормалност, едначење на лудилото и нормалноста, или лудило?

Лудилото, од чии канџи едвај се извлековме, видовме каде води. А тоа е сè уште тука, се бори да нѐ зграпчи пак. Политичките опции кои го поддржуваат, се прават слепи за едно децениско лудило и криминал, не ги признаваат и не се дистанцираат од своите злодела, а се борат наводно против туѓи лошотилаци.

February 24, 2020 22:25
in ФРОНТ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Најотворено да ви кажам драги луѓе, како што стојат работите, и на овие избори, како и неколку изборни циклуси наназад, за жал, не избираме помеѓу различни опции и визии за нашата подобра иднина. Борбата, како што гледате – се води помеѓу нормалноста и лудилото.

Мислам дека добро знаете што зборувам. Затоа, нема да влегувам во деталите. Верувам дека нема човек во земјава кој не е свесен за тој избор, без оглед дали го манифестира тоа отворено,  или глуми лудило. Знаете добро кој го претставува тоа лудило, со сите нишани. Знаете и кој вели дека лудилото и нормалноста се исти. Исто така, добро знаете кој ја нуди нормалноста, со сите нејзини маани и несовршености.

Лудилото, од чии канџи едвај се извлековме, видовме каде води. А тоа е сè уште тука, се бори да нѐ зграпчи пак. Политичките опции кои го поддржуваат, се прават слепи за едно децениско лудило и криминал, не ги признаваат и не се дистанцираат од своите злодела, а се борат наводно против туѓи лошотилаци. Треба да се победи прво лудилото, тие политички опции да го отфрлат истото, за да дојдеме до нормална состојба и повеќе реални опции, од кои во блиска иднина би можеле да избираат граѓан(к)ите.

Затоа, младиќот сосе кристалната топка нормално, ја избираат нормалноста. Како и секогаш. И ќе сторат сѐ што можат таа и јавниот интерес да победат, да ја зграпчиме оваа последна шанса да станеме понормални, да го отфрлиме ова лудило и релативизација на истото, и да зачекориме кон иднина во која ќе имаме натпревар на идеи, а не натпревар на плукање.

Од мене, во ниту еден збор, како и секогаш, не очекувајте баланс помеѓу лагата и вистината, а ниту помеѓу лудилото и нормалноста. Ве поканувам да ми се приклучите со полно право, а богами и со сета почит кон правото на оние луѓе кои не сакаат да го направат тоа, туку сакаат да прават будали од себе и да глумат лудило.

Next Post

Се шират лажни вести и паника, во земјава нема заболени од Корона вирус

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk