ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Антикорупциска потсети на обрските за време на изборниот процес

ДКСК на денешната седница и препорача на Владата да ја преиспита одлуката за имeнувањето на Башким Хасани за в.д. заменик-директор на Управата за финансиска полиција на местото на Берат Дехари на кого му истече вториот четиригодишен мандат на функцијата и да се спроведе процедруата како што е пропишано.

February 29, 2020 13:27
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) му даде насоки на офицерот за интегритет во Генералниот секретаријат на Владата, кој веќе функционира согласно препораките на ГРЕКО, да ги потсети избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор на обрските што ги имаат за време на изборниот процес.

-Имајќи ја во предвид превентивната улога на ДКСК, а во насока на обезбедување на фер и демократски изборен процес ги потсетуваме избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор на обврските кои произлегуваат од Изборниот законик и од Законот за спречување корупција и судир на интерес и двете упатства за начинот на постапување на министерствата, органите на државната управа и управните организации за време на одржувањето на изборниот процес, како и за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сосптвеност за време на избори, кои се донесени во 2017 година. Исто така, му препорачавме на офицерот за интегритет во Владата да ги потсети избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор да ги користат двете упатства и да ги објават транспарентно на нивната веб-страница, рече претседателката на ДКСК Билjана Ивановска пред почетокот на денешната јавна седница на Комисијата.

Таа нагласи дека се почесто во изминатите денови се забележува промовирање и најавување на градежни и други активности кои, како што рече, не се забранети со Изборниот законик, но на одреден начин влијаат врз гласачкото тело.

-Со цел да се отстрани сомнежот за итегритетот на целиот изборен процес неопходно е да се обезбеди транспарентност во функционирањето на централната и локалната власт и затоа ги  повикувам сите оние што веќе имаат донесено програми и планови за кои имаат обезбедено буџетски средства транспарентно да си ги објават на своите веб-страници за да се обезбеди видливост на целиот процес, потенцира Ивановска.

ДКСК на денешната седница и препорача на Владата да ја преиспита одлуката за иманувањето на Башким Хасани за в.д. заменик-директор на Управата за финансиска полиција на местото на Берат Дехари на кого му истече вториот четиригодишен мандат на функцијата и да се спроведе процедруата како што е пропишано.

До комисијата, како што посочија, стигнала претставка за експресно именување в.д. директор на Управата за финансиска полиција по што биле побарани податоци од Владата.

По проверката на информациите ДКСК заклучи дека не била почитувана процедурата претходно да се објави  јавен оглас во најмалку три дневни весници, од кои еден на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто. Сметаат дека Владата имала доволно време да го објави огласот зашто знаела дека му истекува и вториот мандат на претходниот заменик-директор и оти институцијата можела непречено да функционира бидејќи имала директор и не било неопходно експресно да се назначува негов заменик. Комисијата заклучи дека не се почитувани пропишаните процедури со кои се обезбедува трансапрентен и фер избор на раководна позиција и побара да се преиспита ова одлука и да се спроведе процедруата како што е пропишано.

Next Post

Стотици мигранти заглавени на турско-грчката граница

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk