ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев носител на листа во четвртата ИЕ, Мицкоски преферира да биде шпицен кандидат

Заев  во дуелот на ТВ Канал 5 најави дека СДСМ на изборите ќе настапи како мултиетничка партија, а Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се претстави како македонска политичка партија.

February 29, 2020 08:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се убедени дека ќе бидат победници на предвремените парламентарни избори на 12 април, но ја исклучуваат можноста да направат широка коалиција. Заев  во дуелот на ТВ Канал 5 најави дека СДСМ на изборите ќе настапи како мултиетничка партија, а Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се претстави како македонска политичка партија.

Сепак, Заев не ја исклучува можноста за широка коалција, но откако ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби на изборите и Мицкоски ќе си даде оставка, по што ќе се европеизира партијата.

Најави дека тој ќе биде носител на листата во четвртата изборна единица и го покани Мицкоски да се пресметаат на домашен терен. Нагласи дека за него одговорност пред народот е да биде носител на изборна листа, а не шпицен кандидат, што може да се протолкува како бегање од одговорност.

Мицкоски, пак, истакна дека дал предлог за шпицен кандидати за мандатар на идната влада, според него тоа е морална вертикала, но конечната одлука за тоа дали ќе биде шпицен кандитат или носител на листа ќе се знае следната недела на ЦО на партијата.

-Ако обезбедиме фер и демократски избори сите ќе бидеме победници. Со тоа победата ја носиме на државата и на целиот наш народ, а потоа народот ќе каже која ја добива честа да формира влада преку победа во мандатите кои сме ги добиле, рече Заев и порача дека во иднина смета дека не треба да има техничка влада за организрање на изборите.

Како историски чекор ја оцени предизборната коалиција на СДСМ со БЕСА.

-Конечно имаме предизборна коалиција од сите етинички заедници. Досега немало предизборна коалиција, се правеле пост фестум, а со тоа се манипулирале граѓаните. За мене е многу важно што е историски исчекор, конечно имаме предизборна коалиција од сите етнички заедници, втора важна придобивка е што носи мандати мандати, најмалку пет, ќе донесе седум осум мандати повеќе, изградена е на темел на вредности, во кои заедно веруваме, европските перспективи, инфраструктура, човечки капитал, трето оваа коалиција ги менува досегашните политики да имаме само етнички партии. Имаме намера да добиеме повеќе од 61 мандат, рече Заев и додаде дека се отворени за ДУИ и за сите партии, кои кои, како што кажа се подготвени да се менуваат и да учат од слабостите.

На прашањето дали ќе коалицира со ДУИ, Мицкоски рече дека неговата партија ќе коалицира со секоја партија, која може да ја прифати програмата на ВМРО-ДПМНЕ и чија програма ќе може да биде прифатена од неговата партија. Му посака на Заев среќа во коалицирањето со БЕСА, но смета дека е лицемерно Заев да биде, како што посочи, критичар на ДУИ и да биде опозиција меѓу Албанците во државата. Со коалицијата со БЕСА, додаде, Заев грубо ги манипулира гласачите од албанскиот блок и се обидува да краде гласови од нив со обид да се глуми опозиција во рамките на албанскиот политички блок.

-Во оваа прилика сакам да кажам дека на следните избори ќе има една македонска политичка партија, тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и ги повикувам Македонците и останатите етникуми да ја препознаат вредноста и да гласаат на следните избори за нас, рече Мицкоски.

Заев му реплицираше дека со ова изјава тој всушност ги потценил другите етнички заедници во земјата.

-Употребата на национализмот некогаш ќе ве доведе да не си ги измиете рацете, му порача Заев на Мицкоски.

Next Post

Хајредини: ДУИ се чува од затвор

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk