ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Разочараните се разочараа во себе

March 1, 2020 15:10
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Имам впечаток дека значајно е намалена емисијата на штетни гасови кои требаше да го отрујат Заев и да го испратат во политичка, а можеби и во физичка смрт. Ги нема веќе орканските ветришта кои требаше да го одлепат од власта и од Македонија како што вморонската фасада од груевистичкото зло ја урива посилниот провев. Остана само некое благо ветре развигорче кое му ја гали фацата. Понекогаш на вестите велат дека му се подготвува ураган, но бргу разбираме дека тоа е само табла со која на јавната сцена се пушта некој нов вморонски пувеж, најчесто, од смрдливото шупаче на Хер Флик со пулс.

Брзата птица тркачица му бега и го насамарува којотот.

Во природата нема толку глупави којоти. Како што е Мицко. Којотите се итри и паметни, интелигентни и силни. Мицко е којотот од цртаниот филм. Не знам дали и инаку е одвратен и глупав, но во односите со Заев, тој ја игра таа улога на заебаниот, насамарениот, настраданиот. Како натуршчик. Зоки е брзата птичка итрица. Макар што понекогаш изгледа дека птицата е наивна, а којотот фраер, скроз е обратно.

Хахаха.

Но, темата на оваа писание не е епиката на македонскиот вмровизам како страшен хендикеп на една нација, туку разочараното крило на Шарената револуција и на левата проекција.

За тие гасови и гласови зборуваме тука.

Секната е таа емисија.

Или мене така ми се чини.

Разочараните се разочарани од себе и во себе.

И во својата мисија.

Која, да не се лажеме, беше велепредавничка.

Објективно беше велепредавничка.

Некоја сила ги повлекува Кикифрики и Милкин Веј од планината на глупоста на која сакаа да ја положат главата на Заев, со селфи, разбира се, пијат антидепресиви во страв од длабокото долу и од високото горе, бројни иворки отпаѓаат од дрвото на антизаевизмот, софи од марс бара погодно место да атерира на земјата, бљакот што повраќаше на сликите на Зокита,пие црн прашок за смирување на стомачните контракции, јорданчето го растерува мамурлакот со нова чашка апсинт, нормално, и јас така би правел, другите радикали се умеренизуваат, јадат и понатаму по некое гомце за да не го шокираат организмот, но само како преодна фаза до конечното легнување на брашно тип 400.

Сите заедно предизвикаа немерливи штети кои се повеќе од социолошка културолошка и морална природа, отколку што се политички. Независно од намерите. Дел од нив несомнено беа благородни, но во доминантниот дел беа злобни, сеирџиски, користољубиви и глупави.

Тоа мора да се каже гласно и јасно пред да заклучиме дека станува збор за добар развој на ситуацијата. За Македонија добар. И за предметот на нивните желби, на желбите на разочараните, мислам, разбира се. На месец дена пред изборите, во тешката битка со злото, со смртоносното зло, во крајно неповолен регионален контекст, со високи остварувања и очекувања во однос на евроатлантските интеграции и, еве, сега, во услови на нова задавачка мигрантска криза, добри се, јас би рекол исклучително добри, овие знаци на вразумувањето на цел еден слој, со многу видни претставници или нивното привлекување на страната на нормалноста и модерноста, на страната на животот, од страната на смртта, на која се беа одметнале.

Не знам дали овие луѓе се самоосвестиле сами од себе или се разбудиле во судирот со радикално различната реалност и живот во однос на своите проекции и заложби, дали некој ги освестил, со магија, збор, песна или пари и синекури, дали, можеби, некој го платил нивното патување назад, тоа, во овој момент, за мене се второстепени прашања во однос на клучната битка со вморнското зло и до 12 април и на 12 април и по 12 април.

Знам дека зад таквата определба можат да се стават низа од морални дилеми, но јас сум од тие кои знаат дека одговорната политика подеднакво не е можна без морал и без морални компромиси. Вистинскиот државник не е морален чистунко, туку политичар кој ќе знае горните две работи да ги помири во подобар квалитет на животот на заедницата и во заедницата.

Македонија е шарена, паметна и блесава, лева и десна, либерална и националистичка, православна, исламистичка, католичка, јудаистичка, протестантска, но за да остане таква, мора да биде единствена против злото кое се вика вмро. Таа битка не е работа на сдсм и на Заев, односно не е добро да биде само нивна. Ова не е политичка или партиска битка, не подлегнувајте на лажната претстава за две политички сили кои се борат за власт. Не е така. Просто, не е така.

Морам на крајот уште еднаш да го поместам мојот вчерашен статус:

Мулаи Ахмед ер Раисули, султан на Берберите, Мароко, 1904: Не постои ниту една работа поради која вреди да се загуби се!

Мислете на мароканскиот Јане Сандански, кога ќе решавате дали ќе гласате или ќе му покажувате на Заев колку многу ве разочарал!

Заев не е личност поради која вреди да загубиме се.

Обратно, тој е личност со која добиваме се.

Дури и шанса да го смениме во еден нормален политички натпревар.

Ние сме имале политичари, премиери и претседатели, фраери, позери и мудросери, но нормален човек на чело да државата, не сме имале.

Заев и Пендаровски носат ново разбирање на нештата.

Време е да излеземе од малограѓанштината и од народњачката итроштина која ни сугерира дека нормалноста е слабост.

Време е да се обединиме во неа.

Мислам дека кампањата на вмро ќе го шири мобилизирачкиот потенцијал на нормалноста. Ќе ја шири свеста за опасноста пред која се исправени луѓето, државата и општеството, ставот за вонредноста на ситуацијата, вморонската апсолутна одлепеност од здравиот разум и од реалниот живот, ќе ја помогне борбата против нив и ослободувањето на Македонија од злото. Тешко ќе стигнеме да ги смачкаме како на локалните избори, но мораме да се стремиме кон таков резултат.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Next Post

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ со неточни, несериозни и лажни информации собира дневно-политички поени

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk