ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЕК: Значаен напредок, донесен законот за ЈО, исполнети услови за старт на преговори со Северна Македонија

Европската комисија порачува дека оценката од 2019 не е променета и дека Северна Македонија треба да започне преговори со ЕУ.

March 2, 2020 10:36
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во Извештајот на Европската комисија за исполнувањето на условите за преговори, кој е основата врз која земјите членки на ЕУ треба да одлучат овој месец дали ќе дадат зелено светло за нивно започнување, се оценува дека Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.

Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела. МИА доби пристап до овој краток документ во кој Европската Комисија го разгледува напредокот во клучните реформски области што ги бараат земјите членки.

Документот заклучува дека со оглед на „значајниот остварен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни 2018, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 дека Советот треба да започне преговори со Северна Македонија. Општо земено, Северна Македонија ги зголеми своите напори и испорача опипливи и одржливи резултати во клучните области“.

Оттука, Европската комисија порачува дека оценката од 2019 не е променета и дека Северна Македонија треба да започне преговори со ЕУ.

Извештајот е фокусиран на судските реформи, судењата за висока корупција, вклучително и случајот со СЈО, безбедносните реформи и реформите во јавната администрација.

Европската комисија смета дека се преземени потребните мерки за зајакнување на независноста на судството и земјата се усогласила со сите европски и меѓународни препораки.

Меѓу успесите се набројани разрешувањето на шестмина судии, вклучително претседателот на Врховниот суд, додека предметите од СЈО се префрлени во редовното Јавно обвинителство, каде се гарантира континуитет на истрагите, стои во документот на ЕК. Законот за ЈО е донесен со двотретинско мнозинство по „интензивни дебати меѓу политичките партии“, ги информира ЕК земјите членки.

Земјата „продолжила со проактивни истраги“ и пресуди за корупција, вклучително и висока корупција, оценува ЕК и бара да се продолжи по тој пат. Европската комисија забележува дека поради скандалот со Рекет и СЈО, одредени предмети застарија.

Работата на комисијата за спречување на корупција (ДКСК) и нејзиното формирање се поздравуваат во извештајот. ДКСК работи проактивно и без разлика на политичката припадност, иако не сите предмети од ова тело се проследени, главно поради процедурални проблеми помеѓу институциите.

Добар напредок е остварен во реформата на безбедносните и разузнавачките служби, смета ЕК во извештајот, реформите препорачани од експертите се финализирани, ОТА е оперативна и усвоени се „солидни процедури“.

Во делот на јавната администрација, напредокот продолжува, и Европската Комисија потсетува дека од суштинска важност да се обезбеди професионалноста и независноста на јавната администрација.

– Во тој поглед, од огромна важност е Владата и ДКСК да продолжат да преземаат мерки за сите наводи за непотизам и вработувања кои не се засноваат на заслуга, вели ЕК.

Next Post

Стартуваше проектот „Македонија без кал“, ќе се санираат 450 километри локални улици и патишта

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk