Многу посветивме на вложување во младите, годинава рекордни 1.4 милијарди денари, истакна Шкријељ,
Ние сме единствена земја вон ЕУ што спроведува Младинска гаранција, тоа значи вложување во нашата иднина. MТСП во изминатиот период навистина многу посвети на креирање на мерки што значат вложување на младите, посочи заменик-министерката Шкриељ во дебатата „Отворено“ на ТВ24.
„Мислам дека сите сме согласни дека вложувањето во младите значи вложување во нашата иднина. И, токму затоа, оперативниот план којшто оваа година е со рекордно висок износ од 1,4 милијарди денари, еден од главните критериуми е 30% застапеност на младите во сите мерки. Ја имаме младинската гаранција. Да не заборавиме, единствена земја која што не е членка на ЕУ, сама донела одлука да ја имплементира оваа мерка и, дава извонредни резултати“, истакна Шкриељ, која зборуваше за досегашните резултати на владата предводена од СДСМ во повеќе социјални области во изминатите 2 и пол години.








































































































