ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Што (може да) значи средбата Касами – Рикер?

По овие срдечни средби на толку високо ниво, некои „зли“ јазици ова го прокоментираа како конечно губење на „американското тло“ под нозете на Али Ахмети. Се разбира, и приказните, а и оваа епизода од прекуокеанското патување на Касами, не мора да значат ништо особено

March 5, 2020 22:43
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Средбата меѓу првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами и помошникот државен секретар за Европа и Евроазија и поранешен американски амбасадор во земјава, Филип Рикер, можеби изгледа само како уште една посета на македонски политичар во најмоќната држава во светот. Така и помина во јавноста.

Но, дали е така?

Вообичаено крут и протоколарен, Касами, излезе од својата вообичаена рутина и направи видео на мобилен што го сподели на Фејсбук.

„Го информиравме амбасадорот за последните случувања и за коалицијата СДСМ-Беса како победничка коалиција. Имаше позитивна оценка од амбасадорот и сите дипломати овде во САД се за оваа коалиција, која е коалиција за иднината на Северна Македонија“, вели Касами во своето ФБ видео обраќање.

Претходно, тој со јавноста сподели уште неколку фотографии за срдечната, насмеана средба со Рикер.

Што може да значи оваа ситуација во светлина на првата предизборна коалиција меѓу партија на Албанците во Македонија и партија со доминантно членство од Македонци?

По овие срдечни средби на толку високо ниво, некои „зли“ јазици ова го прокоментираа како конечно губење на „американското тло“ под нозете на Али Ахмети. Се разбира, и приказните, а и оваа епизода од прекуокеанското патување на Касами, не мора да значат ништо особено.

Но, не би требало да помине и незабележано. Особено затоа што со години слушаме по чаршијата, а и во ходниците на владата и институциите, како партиски главучи самоуверено им раскажуваат приказни на луѓето дека Али Ахмети и неговата партија ја уживаат заштитата и поддршката од САД.

Next Post

Шкријељ: Секој пензионер за една година ќе добие дополнителни 9.000 денари

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk