ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Отфрлена кривична пријава за изборни нерегуларности​ на државниот референдум во 2018

Јавното обвинителство денеска соопшти дека според наводите од пријавата, пријавените се товареа за кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ , „злоупотреба на избирачко право“, „ изборна измама“, „ фалсификување или уништување деловни книги“ и „повреда на тајноста на гласањето“

March 6, 2020 13:37
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Тетово донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава поднесена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за сторени изборни нерегуларности против повеќе претседатели, заменици-претседатели  и  членови на избирачките одбори  во општините Желино и Боговиње, против непознати лица кои помагале со поттикнување, помагање и соизвршителство, како и против полициски службеници кои ја вршеле својата службена должност на обезбедување на избирачките места за време на гласачкиот процес за Референдумот на 30.09.2018 година.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека според наводите од пријавата, пријавените се товареа за кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ , „злоупотреба на избирачко право“, „ изборна измама“, „ фалсификување или уништување деловни книги“ и „повреда на тајноста на гласањето“.

– Јавниот обвинител кој постапуваше во предметот презеде дејствија за проверка на наводите во пријавата, при што ги сослуша пријавените лица и ја прибави целокупната документација од надлежните органи, меѓу кои Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија. По преземање на дејствија за прибирање материјални и вербални докази во предметот, надлежен јавен обвинител утврди дека записниците на избирачките одбори од спроведеното гласање на државниот референдум се уредно пополнети и потпишани од претседателите и членовите на одборите без притоа да биде наведено дека имало какви било нерегуларности и неправилности  во гласањето. Наведеното во записниците е потврдено со изјави дадени од сите осомничени. Нерегуларностите не биле констатирани ниту од други лица кои биле ангажирани за следење на изборите, како што се набљудувачите од МОСТ. Во дадените изјави, полициските службеници кои на изборниот ден ги обезбедувале избирачките места истакнале дека на денот на изборите немало ситуација од која би произлегла потреба да реагираат во поглед на преземање на службени дејствија за пријавување и отстранување неправилности, наведуваат во соопштението.

По анализа во предметот, се додава, надлежниот јавен обвинител утврди дека нема каков било материјален или вербален доказ за потврда на наводите од поднесената пријава, по што одлучи истата да ја отфрли од причини што во дејствијата на пријавените лица не се содржани елементите на кривичните дела кои им се ставаат на товар ниту пак во нивните дејствија се содржани елементите на некое друго кривично дело за кое се гони по службена должност.​

Next Post

Макрадули: Повеќето акумулации празни, засега нема потреба од рестрикции на вода

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk