ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Албанија бројот на заразени со новиот корона вирус се зголеми на шест

Во земјата до сега се тестирани 77 лица.

March 10, 2020 08:52
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија се зголемува бројот на заразени со новиот корона вирус. Министерството за здравство доцна синоќа соопшти дека се регистрирани четири нови случаи, па со претходните два, бројката се зголеми на шест.

Според министерството, три од четирите нови случаи се лица од семејството на двајцата веќе заразени. Четвртиот нов случај е 31-годишен жител на Тирана кој бил на еднодневен престој во Милано од каде се вратил пред шест денови.

-Во понеделникот (9 март), тестирани се 14 сомнителни случаи на Ковид-19, од кои осум имале близок контакт со двата случаи потврдени со новиот корона вирус кај нас. Од тестирањата извршени во лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје, потврдено е дека четири лица е позитивни , од кои три биле членови на семејството на првите два случаи потврдени во неделата навечер. Останатите и понатаму остануваат во домашна изолација, стои во соопштението на Министерството.

Се додава дека заразените се хоспиталзирани во Инфективната клиника и нивната здравствена сосотојба не покажува сериозни проблеми.

Во земјата до сега се тестирани 77 лица.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните внимателно да ги следат официјалните препораки и да се грижат за мерките за лична хигиена. За секој случај на знаци на респираторна инфекција, како што се треска, кашлица, отежнато дишење, особено за лицата кои патувале или имале контакт со засегнатите земји, Министерството апелира од граѓаните да се јават на посебниот телефонски број 127.

Албанската Влада, вчера по потврдата за двајца заразени од коронавирусот донесе одлука за прекин на наставата во сите училишта и градинки во следните две недели, односно до 23 март, а до 3 април прекинат е авио и поморскиот сообраќај,кон северниот дел на Италија. Забрана има и за одржување на јавни собири,спортски натпревари,концерти.

Премиерот Еди Рама се сретна и со старешините на верските заедници во земјата, од кои побарал да се избегнуваат големи верски собири. Посочил дека мора да се избегнуваат некои навики, како што се прегрнување на верниците, ракување, бакнување рака на свештено лице и да се почитува препораката верниците да стојат подалеку едни од други за време на молитвата.

Околу Инфективната клиника во Тирана е поставена метална ограда и лента.

Next Post

Шпанија: Затворени училиштата и универзитетите поради Ковид-19

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk