„Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена траса преку Хрватска и Србија.
Граѓаните што денот го поминаа на Бајаково/Батровци на хрватската страна, влегуваат во Србија. Исто така, голема група македонски државјани кои чекаа на преминот Хоргош во Унгарија почнаа да влегуваат во Србија. Ве чекаме дома!“, извести министерот за надворешни работи Никола Димитров на Фејсбук.
Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена…
Gepostet von Никола Димитров – Nikola Dimitrov am Sonntag, 15. März 2020
Добрата вест доаѓа по напорите на Министерството за надворешни работи кое во соработка и комуникација со Министерството за надворешни работи на Словенија, кризниот штаб и амбасадорот Јазбец и со хрватското МНР за безбедно транзитирање преку словенечка и хрватска територија и безбедно враќање дома на сите наши превозници.