Постојат медиуми, но и граѓани кои покажуваат крајна неодговорност со пласирање лажни вести, во борба за сензационализам, како и лажни вести проткаени со политичка нишка, рече Премиерот на државата и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, во вечерашното онлајн интервју.
Спасовски изрази благодарност до сите медиуми и новинари кои се на висина на својата задача, додавајќи дека тие се дел од решението на проблемот и настојуваат да им да помогнат на институциите и на граѓаните.
МВР е задолжено на дневна основа да ги следи информациите и каде има лажни информации, кои предизвикуваат страв и паника да преземат мерки и да пријават во ЈО, со цел да го заштитиме јавниот интерес, порача Спасовски.
Апелирам до сите, пред се до граѓаните да ги следат информациите на институциите во врска со состојбата со корона вирусот, тоа е вистината што треба да се знае, друго е пропаганда за која ќе следи одговорност, порача потпретседателот на СДСМ и претседател на Владата, Оливер Спасовски.