ОВАА ИНФОРМАЦИЈА БЕШЕ ДЕМАНТИРАНА. ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ПОД ТЕКСТОТ. ДОКОЛКУ ИМАТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ОВАА СОДРЖИНА, ВЕ МОЛИМЕ, ИСПРАТЕТЕ НИ ПОРАКА НА НАШИТЕ КОНТАКТИ. ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА РАЗБИРАЊЕТО И ПОДДРШКАТА.
Лицемерието на челниците на ВМРО-ДПМНЕ се гледа на секој нивни чекор. На социјалните мрежи се појави фотографија од поранешниот директор на Секретаријат за европски прашања и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумоски, како го прославува својот 40 роденден во широко друштво.
Во позадина може да се види дека на прославата е присутен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Коментарите во врска со ова се:
„Важат ли препораките за избегнување на групни собирања и за челниците на ВМРО-ДПМНЕ, или тоа се однесува само за обичниот народ?
Едно кажува Мицкоски, друго прави?
Не ме гледај што правам, слушај што ти зборувам?“, велат коментаторите кои не можат да поверуваат дека и покрај сериозноста на ситуацијата со корона вирусот, челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават родендени.