ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петчлено семејство од Битола наместо во изолација се тепале со соседите

Семејство од Битола кое на 14 март се вратиле од Италија доби предлог за казнен налог за непочитување на здравствени прописи за време на епидемија. Пет члена од семејството, според ОЈО Битола, сториле кривично дело и не го почитувале решението за домашна изолација од 14 дена. Тие вчера излегле пред нивниот дом и вербално и физички ги нападнале соседите

March 19, 2020 10:37
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА

Семејство од Битола кое на 14 март се вратиле од Италија доби предлог за казнен налог за непочитување на здравствени прописи за време на епидемија. Пет члена од семејството, според ОЈО Битола, сториле кривично дело и не го почитувале решението за домашна изолација од 14 дена. Тие вчера излегле пред нивниот дом и вербално и физички ги нападнале соседите.

-На обвинетите им била определена мерка за  спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена по нивното пристигнување од Република Италија. Тие биле должни согласно издадените решенија од надлежните органи во периодот од 14 март 2020 година до 27 март 2020 година да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола. На 18 март 2020 година, околу 12 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди. Со овие дејствија сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус -COVID 19, се наведува во соопштението.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола го поднесе предлог за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Битола предложи на обвинетите да им изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​

Next Post

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19

НАЈНОВО

Моди: Индија нема да толерира нуклеарна закана од Пакистан

August 15, 2025

Десетина кандидати пријавени на огласот за претседател на ДКСК, постапката за селекција и избор продолжува по завршување на локалните избори

August 15, 2025

Охридското Езеро порибено со ендемичниот вид пастрмка обезбедена преку вештачки мрест

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Додик е „корисен идиот“ за Вучиќ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk