ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таткото на четиригодишното дете кое е позитивно на Ковид-19 апелира да престанат дезинформациите и говорот на омраза

Драганчо Златанов, таткото на четиригодишното девојче, кое е првиот пациент со Ковид 19 на Инфективното одделение се јави од Англија и за МИА информираше дека неговото дете и сопруга во земјава се пристигнати на 14 март без никакви симптоми на болеста. Тој забележува дека доколку неговото дете и сопруга имале какви било симптоми ќе останале во Англија, а не да дојдат во земјава и да го загрозат здравјето најпрвин на потесното семејство, а потоа и на сите останати околу нив

March 21, 2020 11:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Драганчо Златанов, таткото на четиригодишното девојче, кое е првиот пациент со Ковид 19 на Инфективното одделение се јави од Англија и за МИА информираше дека неговото дете и сопруга во земјава се пристигнати на 14 март без никакви симптоми на болеста. Тој забележува дека доколку неговото дете и сопруга имале какви било симптоми ќе останале во Англија, а не да дојдат во земјава и да го загрозат здравјето најпрвин на потесното семејство, а потоа и на сите останати околу нив.

-Одговорно ви тврдам дека од градинката во Англија добивме е маил во вторникот, во којшто не известуваат да се прегледаме, бидејќи имаат регистрирано случај на заболен родител на дете во градинката, каде што беше згрижена и мојата ќерка. Моето дете не е дојдено од Англија со симптоми, како што тврдат одредени медиуми или како што ги гледам коментарите на социјалните мрежи. Ние сме британски државјани и имаме здравствено осигурување и во Англија. Револтиран сум што секакви дезинформации има околу нашиот случај, вели Златанов.

Побара да престанат дезинформациите, шпекулациите и говорот на омраза за и околу нивниот случај. Тој за МИА вели дека откако ја добиле електронската пошта од градинката веднаш неговата сопруга побарала да се тестираат во Центарот за јавно здравје-Штип.

Инаку изминатите денови неговото детето било во самоизолација и не е излезено од домот. Златанов вели дека од неговото семејство покрај неговата ќерка, позитивна е и една од бабите, додека за неговата сопруга и нејзиниот татко синоќа се пристигнати резултатите и се позитивни на Ковид-19. Забележа дека во земјава неговото семејство не е пристигнато за да биде на товар на македонскиот здравствен систем, како што од завчера ги слуша и гледа коментарите на одредени медиуми и на социјалните мрежи. Потенцираше дека финансиите на неговото семејство не се проблем, тие во Англија имаат хотел и сопствена такси компанија и се здравствени осигуреници на Англија, која што како што вели дава врвна здравствена заштита.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека семејството е во домашен карантин, бидејќи се со лесна клиничка слика, задолжени се инфектолозите двапати во денот да ги посетуваат и да ја следат нивната здравствена состојба. Во текот на денот очекуваат и резултати за уште двајца пациентите, кои се од други градови во источниот регион и не се поврзани со овој случај.

Next Post

Само едно лице од Тетовско побарало од Црвен крст да му донесе храна и лекови

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk