ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

12: Втор смртен случај од Ковид-19 кај нас, интензивирање на онлајн наставата, карантин во хотели, глобален фонд за борба против корона вирусот, пад на берзите, СОНК против намалување на платите

Преглед на настаните до 12,00 часот.

March 23, 2020 12:06
in ON THE HOUR
Share on FacebookShare on Twitter

МИНИСТЕРСТВОТО за здравство соопшти дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од корона вирус.

ЕДУКАТИВНАТА програма „ТВ Училница“ на МРТВ од денеска продолжува да се емитува поинтензивно. Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ, продукција „ОХО“ и Македонската радио-телевизија ќе обезбеди повеќе часови за повеќе генерации ученици.

ДА им помогне на компаниите, на работниците, на бизнисот, на граѓаните, а со тоа и на целокупната македонска економија. Главна цел мора да ни биде, исто така, да ја одржиме јавната и приватната потрошувачка. Ова е многу важно за економијата, рече Заев на прес конференцијата на која претстави предлог мерки за справување со кризата.

ФОРМИРАНИ се мобилни тимови на Црвениот крст чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите, информира Министерството за труд и социјална политика.

ВО хотелот Ибис Стајл (поранешна Мала Богородица – Систина) вчеравечер се примени првите 59 лица кои во земјава влегле на Деве Баир и од Косово и е потребно да се во изолација, односно во карантин. Четворица од нив кои имале покачена температура веднаш се испратени на проверка за Ковид-19 на Инфективната клиника.

СПОРЕД податоците кои ги добивме, кај нас направени се контроли во 1674 локали и преземени се мерки против 18 случаи на прекршување на владините одлуки за превенција од ширењето на Ковид-19.

САМОСТОЈНИОТ синдикат за образование, наука и култура (СОНК) не се согласува со предлогот на СДСМ за намалување на платите на вработените во јавната администрација и бара од Владата доколку добие таков предлог, тој да биде одбиен.

„КОРОНА вирусот е вистинска опасност, секој од нас носи огромна одговорност во оваа битка. Искрено се надевам дека свеста се буди кај сите граѓани, бидејќи без вас не можеме да победиме“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

СУДЕЊЕТО за случајот Рекет е одложено за 26 март поради здравствената состојба на обвинетата Катица Јанева, која согласно мерките и препораките од Владата за заштита и превенција од Ковид 19 спаѓа во ризична група.

ВЛАДАНКА ДИМКОВСКА #FrontAction: Владанка Димковска: Самоизолацијата не е крај на светот!

ПО вчерашниот земјотрес во Загреб, во текот на ноќта беа регистрирани околу 30 послаби потреси.

ЕДЕН транспорт на заштитни маски и опрема бил запрен и запленет во Полска, а другиот во Чешка. Во првата испорака од Кина имало 680.000 маски и респиратори, запленети од чешките цариници.

ОБЕДИНЕТИТЕ нации ќе создадат фонд за поддршка на третманот на пациенти со корона вирус ширум светот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Норвешка.

ВРЕДНОСТА на акциите на европските берзи денеска се намали до најниското ниво во последните седум години, поради тоа што се поголем број држави се во самоизолација поради новиот корона вирус, па вложувачите стравуваат од длабока рецесија.

Во ХОЛАНДИЈА е сезона на лалињата, но годинава тие масовно се уништуваат, оти корона-пандемијата драстично ја намали побарувачката за нив.

ПОМЕЃУ нашинците во Хрватска засега нема заразени од корона. Имавме заглавени луѓе на аеродромот, па околу 50 наши граѓани ги префрливме во Македонија, изјави Џафери.

 

Next Post

Автобусите во Скопје и утрово преполни, ќе запре ли целосно јавниот градски превоз?!

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk