Автобусите во Скопје и утрово преполни, ќе запре ли целосно јавниот градски превоз?! Од ЈСП за Фронтлајн велат дека ги чекаат насоките од Град Скопје, од каде пак чекаат нови одлуки и мерки од страна на Владата. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на денешната прес конференција во Влада, рече дека доколку е потребно, ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села.