ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

СКРМ: Кратењето на платите процентуално, во зависност на висината на платите или како праг да биде земена просечната плата, не минималната

- Вработените во културните и уметнички институции кои одработуваат 40 часа неделно и во времето на кризата, да не подлежат на мерките за намалување на платата (најчесто персонал за обезбедување и одржување на објектите) ;

March 23, 2020 13:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

СКРМ е создаден и делува на принципот на солидарност и волонтеризам и ги поддржува сите мерки кои ќе помогнат за надминување на здравствената и економската криза. Свесни сме дека новонастаната состојба директно ќе влијае врз нашиот досегашен живот, скратувајќи и ограничувајќи голем дел од нашето нормално секојдневие. Но, исто така сме свесни дека во време на криза треба да се водиме од потребите, а не од желбите, велат од Синдикат на културата.

„За жал, една од мерките предложени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, која се однесува на намалување на платите во јавниот сектор на ниво на минимална плата во овој момент е избрзана и би ги скратила основните потреби на голем дел од населението. Донесувањето на такви радикални мерки по грбот на обичниот граѓанин, логично е да следува по претходно спроведени анализи и консултации со сите засегнати страни, во подолг период на криза во државата. Платите на вработените во културата и онака не се на завидно ниво и вакво драстично двомесечно намалување, ќе предизвика штета на подолг рок.

За таа цел, обидувајќи се да го задржиме принципот на солидарноста, но и самите да го издржиме периодот што претстои, даваме забелешки и предлози кои се надеваме дека ќе бидат разгледани и спроведени: 

– Кратењето на платите да се одвива процентуално, во зависност на висината на платите или како праг да биде земена просечната плата, а не минималната плата.

– Вработените во културните и уметнички институции кои одработуваат 40 часа неделно и во времето на кризата, да не подлежат на мерките за намалување на платата (најчесто персонал за обезбедување и одржување на објектите) ;

– Вработените кои се самохрани родители да не подлежат на мерките;

– Вработените кои имаат хронични болести или се родители на дете со хронична болест да не подлежат на мерките;
– Вработените кои имаат три или повеќе деца да добиваат дополнителна финансиска помош;
– Бремените жени и родилките исто така да не подлежат на намалување, бидејќи овие мерки ќе имаат реперкусии на примањата кои ќе ги добиваат во боледувањето;
– Освен одложувањето за плаќање на кредити од страна на банките, бараме замрзнување на киријата за станување за оние вработени кои живеат во изнајмени станови;
– Намалување, одложено плаќање или плаќање на рати на режиските трошоци за време на здравствената криза;

Вработените во културата, како и во останатите јавни сектори, се во најголем дел луѓе кои имаат потпросечни примања, немаат заштеди, ниту повеќе извори на прилив како што имаат сопствениците на големите компании во приватниот сектор и ние можеме само да помогнеме на економијата, но не и да ја спасиме, за разлика од граѓаните со високи месечни примања. Се надеваме дека Владата ќе ја има предвид нашата моментална финансиска состојба пред да ги донесе овие предлог мерки и да го доведе јавниот сектор на колена и со тоа да остави оние кои и во нормални услови тешко преживуваат, да го понесат најголемиот товар на општеството.

Советот на СКРМ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Престана со работа „Ал Џезира Балканс“, во 12 часот емитувани последните вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk