ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

18: Излегување за викенди до 16 часот, Дебар и Центар Жупа стабилни, непочитувања на полицискиот час во неколку градови, апел за помош на ТВ ВИС, двајца позитивни на корона вирус во Армијата, одложување на вакцинирањето во школите

Преглед на денот до 18 часот.

March 25, 2020 18:03
in ON THE HOUR
Share on FacebookShare on Twitter

ВЛАДАТА на Република Северна Македонија денес одлучи да воведе нова, дополнителна рамка на забраната за движење за време на викенди т.е сабота и недела од 16 часот до 05 часот.

НОВОРОДЕНЧИЊАТА и предшколските деца може да се вакцинираат во редовен термин, а за школските деца вакцината може да се одложи два до три месеца. Тоа е стручно мислење на Комитетот за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче.

ДВАЈЦА пациенти со корона вирус на Клиниката за инфективни болести се ставени на комбинирана терапија со лековите хидроклор и азитромицин, познат како сумамед, што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји. Оваа терапија не се дава на сите пациенти, потребно е претходно да се направи кардиолошка анализа (ЕКГ). Значи ако има и најмала промена во ЕКГ-то тогаш оваа терапија е контраиндицирана.

БЕЗБЕДНОСНАТА состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Непречено се реализираат мото-патролите што ги спроведуваат полициските службеници. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

ЖИТЕЛ на Скопје е обвинет за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Триесет и тригодишниот скопјанец на 12 март се врати од Франција и потпишал изјава за самоизолација.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Стопанската комора, Бранко Азески вчера со писмен допис се обратил до неговиот колега, претседателот на Унијата на комори и стокови берзи на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу и го замолил во рамките на неговите овластувања да се заложи за надминување на постојниот проблем.

НА територијата на државата, по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот, полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати.

САМОСТОЈНИОТ синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) упатуваат заеднички апел до локалната самоуправа, државни институции, стопански субјекти и поединци да помогнат во рамките на своите можности за што побрзо враќање на телевизијата ВИС од Струмица во етер.

АЛБАНСКАТА Влада прогласи состојба на природна непогода на целата територија на земјата во период од 30 дена. Донесувањето на оваа одлука значи дека Владата и општините имаат законска обврска да ги компензираат сите граѓани погодени од природната непогода.

ВО Србија во изминативе 24 часа, од 245 новотестирани, позитивни на корона вирусот било 81 лице, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 384 лица.

ПОДОФИЦЕР и војник во Армијата на Република Северна Македонија се позитивни на корона вирусот, соопшти денеска Генералштабот на Армијата. Двајцата извршувале работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал.

НА посиромашните земји им се потребни две милијарди долари меѓународна хуманитарна помош за да се спраат со пандемијата на корона вирусот, изјави координаторот за итната помош при Обединетите нации, Марк Лоукок.

 

Next Post

„Врба“ на МТВ1 на 29 март

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk