Владата на Република Северна Македонија на денешната седница со нови, дополнителни мерки за превенција на ширење на корона вирусот.
Освен првичните мерки и ограничувања поставени во рамките на полицискиот час, Владата одлучи да воведе нова рамка на забраната за движење за време на викенди т.е сабота и недела од 16 часот до 05 часот.
„Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на корона вирусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.
Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!
Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани.“