ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Остануваат непокриени околу 1,3 милијарди евра и тие мора да ги понесеме заедно сите

Ќе надохнадиме 30% ако обезбедиме кредити во износ повеќе од 1,2 милијарди евра, а во моментот на пазарот на кредити ни се нуди не повеќе од 600 милиони евра кредити. Еве и да ги обезбедиме тие милијарда и двеста милиони евра од кредити, но за да ги обезбедиме останатите 30% проценти, мора да кратиме, мора да штедиме. Сите ставки и непродуктивни трошења што гледам дека министерството за финансии веќе ги скратува се некаде околу 7 милијарди денари, но тоа не е доволно. Тие 30% кои сепак остануваат непокриени се околу 1,3 милијарди евра и тие мора да ги понесеме заедно сите. Колку побрзо го сфатиме тоа, толку поуспешно ќе се справиме со кризата

March 25, 2020 13:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Соопштивме сериозен пакет на мерки, како ретко кој од балканските земји. Тоа го можеме затоа што подигнавме БДП од -1,8% на 3,6% и ова ја става државата во положба да се развива и да подигнува кредити. Мора да ги поддржиме работниците и фирмите, затоа што доминантно тие го полнат буџетот, тие ја движат економијата и го подигнуваат Бруто домашниот производ и тие се доминантно кој што обезбеддуваат плати за граѓаните, плаќаат даноци и го генерираат севкупниот развој.“, одговори на Заев на денешната прес конференција, на прашањето какви се очекувањата и проценките за економските последици од оваа криза и пакетот мерки што ги предложи СДСМ.

Тој  рече дека СДСМ како партија ги препорачала економските мерки до Владата и дека сега Владата е таа која што конечно ќе одлучи. Заев рече дека Владата ја има поддршката од СДСМ како најголема партија на власт и дека Владата со своите капацитети треба да оцени дали тие мерки се прифатливи.

Заев нагласи дека граѓаните треба да знаат дека очекувањата на наплатата на приходите во овие моменти на криза се помеѓу 30 и 40 проценти, а тоа значи дека 60% ќе недостасуваат.

„Ќе надохнадиме 30% ако обезбедиме кредити во износ повеќе од 1,2 милијарди евра, а во моментот на пазарот на кредити ни се нуди не повеќе од 600 милиони евра кредити. Еве и да ги обезбедиме тие милијарда и двеста милиони евра од кредити, но за да ги обезбедиме останатите 30% проценти, мора да кратиме, мора да штедиме. Сите ставки и непродуктивни трошења што гледам дека министерството за финансии веќе ги скратува се некаде околу 7 милијарди денари, но тоа не е доволно. Тие 30% кои сепак остануваат непокриени се околу 1,3 милијарди евра и тие мора да ги понесеме заедно сите. Колку побрзо го сфатиме тоа, толку поуспешно ќе се справиме со кризата“, рече Заев

Заев истакна дека реалните пари ќе ги немаме во Буџетот и затоа мора да го споделиме товарот. Тој нагласи дека овие мерки не се благопријатни, но благопријатни се за стопанството кое ја крепи економијата и потенцира дека солидарното заедничкото распределување и понесување на трошоците мора да го направиме заедно.

Заев подлече дека ако го направиме тоа имаме големи шанси да го скратиме периодот на пребродување на кризата, но ако не го направиме треба да бидеме спремни на сè.

Треба да бидиме свесни за сериозноста и на плеќи сите заедно да го понесеме дел од товарот на оваа криза и дека тоа не е благопријатна вест, но одговорен политичар тоа мора да го каже, истакна Заев.

„Лесно им е на опозицијата да се прават фраери и да даваат некакви сугестии само за да соберат политички популистички поени, но треба точно да се кажува каква навистина е состојбата, како што ние од СДСМ тоа сега го правиме“ рече Заев.

Заев нагласи дека верува дека ќе се соберат сили сите заедно товарот да го поднесеме, се со цел да се излезе побрзо од кризата и потсети дека ова е ситуација во целиот свет.

„Уверен сум дека ќе ја пребродиме оваа криза, како што заедно пребродивми многу и до сега“, одговори на поставените прашања лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Ј. Ѓ.

Next Post
Фото: Фејсбук статус на Општина Аеродром

Загрозени 29.000 вработени во угостителството, бараат помош од државата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk