ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Анѓушев: Кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша од онаа пред 10-тина години

Мислам дека оваа криза ќе ја афектира економијата многу пожестоко, бидејќи станува збор за многу пошироко опфатно влијание врз економијата и дека ќе треба да се влечат многу мудри потези за да може да се подигне економијата. Ќе треба да се направат мерки како да го зачуваме здравјето на економијата и како нашите компании да преживеат – мали, средни, микро, но и големи, рече Анѓушев

March 27, 2020 12:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата од финансиската криза пред 10-ина години после распадот на берзите и финансиските импликации што ги имаше врз банките во Америка кога се прелеа низ целиот свет, порачува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Мислам дека оваа криза ќе ја афектира економијата многу пожестоко, бидејќи станува збор за многу пошироко опфатно влијание врз економијата и дека ќе треба да се влечат многу мудри потези за да може да се подигне економијата. Ќе треба да се направат мерки како да го зачуваме здравјето на економијата и како нашите компании да преживеат – мали, средни, микро, но и големи, рече Анѓушев во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Нагласи дека доколку големите компании не ја преживеат кризата, нема да преживеат ни малите, микро и средните бидејќи тие соработуваат со големите компании и ќе нема со кого да работат.

-Многу е битно на компаниите да им се помогне да преживеат. Некои од нив ќе можат да одржат активност различен број на месеци, но државата ќе треба да им помогне да одржат минимална активност на компаниите што не можат сами да одржат активност. Затоа ценам дека е добра мерката за помош на компаниите за исплата на минималната плата и сметам дека треба да се усвои, потенцира Анѓушев.

Поранешниот вицепремиер ја поздрави мерката што ја предлага претседателот на СДСМ Зоран Заев за исплата на минимална плата за администрацијата во наредните два месеца и порача дека е прашање дали воопшти ќе може да се исплати и минимална плата, бидејќи, според него, во Буџетот ќе недостасуваат две милијарди евра поради кризата со коронавирусот.

-Погрешно е прашањето дали е добро да се намали платата на администрацијата или да не се намали. Вистинското прашање е дали ќе може да се подели и минимална плата, бидејќи во Буџетот ќе фалат две милијарди евра. Тие две милијарди евра главно треба да се трошат на плати. Ако не се скрати од платите, можеме неколку месеци да делиме плати, а после тоа може да се случи во Буџетот веќе да нема пари за плати, рече Анѓушев.

Посочи дека вистинското прашање е дали може да се обезбедат две милијарди евра и како ќе се обезбедат тие како задолжување.

-Денеска веќе во светот не се прашува дали треба да се задолжите, туку дали можете да најдете финансиски средства и извори од каде да се задолжите. Државата треба да најде сега извор на финансирање и тоа ќе биде сега многу тешко, бидејќи сите држави во светот и сите големи светски компании ќе бараат дополнително финансирање и од тој аспект средства нема да има така лено на располагање. Затоа е многу важно тоа да се направи многу побрзо се додека се уште има такви ресурси во светот ако веќе и не е касно за да можете да добиете такви средства, посочи Анѓушев.

Next Post

Борис Џонсон позитивен на корона вирус

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk