Министерот за здравство, Венко Филипче објави на социјалните мрежи дека денес, 27 март, евидентирани се 18 нови случаи на корона вирус во земјава, со што бројот се зголеми на 219.
„Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (134)
– Дебар (43)
– Куманово (17)
– Штип (8)
– Прилеп (6)
– Охрид (3)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Тетово (2)
– Гостивар (1)“