Електрани на Северна Македнија (ЕСМ) ги отстапи неговите хотели за да служат за сместување на граѓаните кои ќе се вратат од странство и ќе бидат во државен карантин.
Од ЕСМ соопштија дека ви хотел „Молика“ на Пелистер од денеска ќе се сместат 90 лица кои во текот на денот ќе пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта ќе бидат организирано пренесени до хотелот.
“Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација“, соопштуваат од АД ЕСМ.
За потребите на државниот карантин ЕСМ на ги стави на располагање и хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка. Таму на карантин ке се стават граѓаните кли се очекува да пристигнаат во текот на утрешниот ден, за кои исто така има организирано враќање од странство.