Во Црна Гора од вчерашниот пресек, новиот корона вирус е потврден кај уште две лица, со што вкупната бројка на заболени во оваа земја се зголеми на 84.
Информацијата ја соопшти Институтот за јавно здравје во Црна Гора.
Под здравствено-санитарен надзор во земјата се наоѓаат 6.278 лица.
Најмногу заразени има во Тузи (31), Подгорица (28), Бар и Андријевица по шест, Херцег Нови и Будва четири, Улцињ три, Даниловград и Тиват по еден.