ЦИПРАС му честиташе на Заев и според изворите, истакна дека никој немаше да им верува на нив, на Никос Коѕијас или на Никола Димитров, ако пред три години кажеа дека ќе се случи сето ова.
ВО рамките на иницијативата на Владата да излезе во пресрет на македонските граѓани кои се најдоа затекнати од вонредните ситуации речиси секаде низ светот, денес од аеродромот во Скопје, патниците со 8 автобуси ќе бидат пренесени во државен карантин.
ПРАЗНИ улици, затворени продавници и маркети, без вообичаената гужва за недела попладне. Ваква е сликата попладнево во Скопје откако Владата како една од мерките за борба против корона вирусот донесе одлука полицискиот час за време на викенд да почнува од 16 часот и да трае до 5 часот следниот ден.
ДОДЕКА цела нација се бори со опасен вирус, Мицкоски се бори за партиски профит, се вели во соопштението за јавноста на СДСМ. Тие велат дека Мицкоски уште еднаш покажа дека го интересираат само лични и партиски интереси, дека воопшто не го интересира здравјето на граѓаните, нивното враќање во татковината, не го интересира како вработените во институциите се справуваат со кризата, не му е важно колкава е пожртвуваноста кај нив.
КОЛУМНА Фронт, Бранко Тричковски: “Поздрав Загреб!“
ВО Србија во изминативе 24 часа, од 376 новотестирани, позитивни на корона вирусот се 82 лица, негативни 294 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 741 лице.
ВО Холандија бројот на потврдени случаи на корона вирус надмина 10.000 лица, соопштија здравствените власти, додавајќи дека порастот на смртни и хоспитализирани случаи покажува знаци на забавување.
ВКУПНО 220.000 претпријатија во Франција побарале делумна невработеност за 2,2 милиони вработени, јави дописникот на МИА од Париз.
СЛОВЕНЕЧКАТА Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.
СЕКОЈ втор граѓанин на Европската унија, на возраст од 17 до 74 години, односно 53 отсто, бара здравствени информации на Интернет, во врска со повреди, заболувања, исхрана, покажуваат податоците на европскиот завод за статистика Евростат.
ПОРТУГАЛИЈА најави дека во период на епидемија на корона вирус ќе им бидат одобрени барањата на сите мигранти кои аплицирале за престој во таа земја.