ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЗНМ и ССНМ: Реакцијата на „Аџибадем Систина“ кон ИРЛ претставува притисок кон новинарите и обид за цензура

ЗНМ и ССНМ се на ставот дека овој пристап на „Аџибадем Систина“ е недопустлив. Со таквиот начин на комуникација кон овој медиум тие директно навлегуваат во кредибилитетот на новинарите и се обидуваат истите да ги дискредитираат, а не да ја аргументираат критиката упатена кон нив.

March 29, 2020 19:14
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја осудуваат непримерната комуникација на „Аџибадем Систина“ кон новинарите од редакцијата на истражувачката новинарска платформа „ИРЛ.мк“ по повод нивната сторија за COVID-19 насловена како „Пандемско профитерство или грижа за заедницата: Другата страна на приказната за КОВИД-19 тестовите“, објавена на 28 март 2020 година.

Како засегната страна во текстот, „Аџибадем Систина“  испратила реакција до редакцијата на ИРЛ што е нивно легитимно право, но сепак, проблематично во нивното барање е што на дрзок начин ги клеветат и навредуваат новинарите кои работеле на таа истражувачка сторија, а притоа без доволно аргументи во својата реакција бараат извинување, како и текстот на „ИРЛ.мк“ да биде повлечен.

ЗНМ и ССНМ се на ставот дека овој пристап на „Аџибадем Систина“ е недопустлив. Со таквиот начин на комуникација кон овој медиум тие директно навлегуваат во кредибилитетот на новинарите и се обидуваат истите да ги дискредитираат, а не да ја аргументираат критиката упатена кон нив.

Освен тоа, ваквата комуникација на „Аџибадем Систина“ несомнено може да се толкува како притисок врз редакцијата на „ИРЛ.мк“ и претставува директен обид за цензура што е апсолутно недозволиво во едно демократско општество, особено за теми кои се од поширок јавен интерес.

Укажуваме на „Аџибадем Систина“ дека во иднина кога сметаат дека некој медиум известувал неетички, наместо да даваат квалификации и да навредуваат новинари и кон истите да се закануваат со тужби, можат да поднесат претставка до Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) или во Советот на честа при ЗНМ како две единствени саморегулаторни тела во С. Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Анкета: Над 90% од граѓаните ги поддржуваат владините мерки против корона вирусот

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk