Речиси сите, или поточно над 90% од испитаниците во анкетата ги поддржуваат и ги сметаат за исправни владините мерки кои се преземаат против ширењето на корона вирусот.
93% од испитаниците ја поддржуваат забраната за јавни собири, 91% од нив одговориле дека треба да се остане во изолација и да не се отвораат училиштата, градинките, рестораните и другите јавни места кои што се затворени.
87% од анкетираните одговориле дека ја поддржуваат казнената политика која санкционира непочитување на мерките за самоизолација. Освен што граѓаните веруваат во владините мерки, тие во голем процент изразиле и доверба во министерот за здравство, Венко Филипче, дури 82% му веруваат во тоа што го прави, во здравствениот систем доверба имаат 65%, односно веруваат на лекарските тимови дека ќе бидат на ниво на задачата и дека ќе им помогнат на граѓаните.
Голем дел од населението е исплашено за своето здравје, 93% одговориле дека се плашат од корона вирусот, но сепак се оптимисти дека нема да има недостаток од храна и лекови и дека Министерството за здравство има капацитет и услови да ја надмине здравствената криза.