ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Дополнителната заменичка-министерка Петровска: Поднесена кривична пријава за лице кое дало лажен исказ, нема да толерираме прекршување на мерките за заштита на граѓаните

Непочитување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл. 206 ст.1 од Кривичен Законик на Република Северна Македонија“, посочи дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Петровска

March 30, 2020 19:20
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција, дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска истакнувајќи ја сериозноста на ситуацијата во земјата, особено по прогласувањето на вонредната состојба, посебно ја нагласи улогата на здравствените работници, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Армијата, како и институциите кои се вклучени во системот на заштита и управување со кризи, кои како што подвлече, целосно ги активираа своите капацитети и човечки ресурси во справувањето со ширењето и последиците од КОВИД-19.
Притоа Петровска информираше и за одредени несовесни и нечовечки однесувања на поединци, кои предизвикуваат сериозни последици врз здравјето и сигурноста на граѓаните и против кои се преземени одредени активности.

„Осомничениот Ф. К. не почитувајќи ги правните прописи за време на епидемија од заразна болест извршил кривично дело со кршење на прописи и наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест по член 205 ст.1 и кривично дело ,,Непочитување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл. 206 ст.1 од Кривичен Законик на Република Северна Македонија“, посочи дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Петровска, која на новинарско прашање одговори дека подетални информации за случајот ќе даде утре по поднесувањето на кривичната пријава.

Петровска информираше дека осомниченото лице дало лажен исказ дека не излегло од државата, а притоа неговиот влез бил регистриран на граничниот премин Табановце на 8 март и иако истото од здравствена екипа од Институтот за Јавно здравје било известено за одлуките на Владата, дека е прогласена епидемија од КОВИД-19 и истиот е обврзан да биде во ,,самоизолација“, тоа не било испочитувано.

„Осомничениот Ф.К. наместо да ги почитува насоките за самоизолација, се однесувал спротивно на одлуките претходно донесени од Владата на Република Северна Македонија со што го прекршил Кривичниот Законик по чл. 205 став 1. Тој во континуитет остварува средби со неговите родители, братот и негова пријателка, остварува и средби во фирмата, а и подоцна продолжува со своето непридржување кон самоизолацијата“, информираше заменичката министерка за внатрешни работи, додавајќи дека лицето против кое ќе се поднесе кривична пријава постапувајќи несовесно и неодговорно заразило повеќе лица и со тоа допринело за ширење на епидемијата.

„Истовремено, сакам да ја известам јавноста дека Министерството за внатрешни работи располага со информации дека дозволите кои се издаваат од приватните компании кои се регистрирани за работа во ноќна смена се злоупотребуваат, односно фалсификуваат. И токму затоа започнавме со истрага која треба овие информации да ги потврди или отфрли. Доколку постои макар еден случај на злоупотреба, ќе постапиме крајно рестриктивно и ќе ги примениме сите мерки кои и стојат на располагање на полицијата. Нема да се двоумиме тие лица да ги лишиме од слобода, да побараме мерка притвор и затворски казни за евентуалните сторители. Доколку се утврди злоупотреба ќе побараме ограничување или одземање на ова право на таа фирма која ја сторила злоупотребата, а лицата кои го сториле тоа ќе ги гониме за кривично дело“, нагласи Петровска.

Заменичката министерка за внатрешни работи апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита кои ги донесе Владата, истакнувајќи дека иако тие мерки не се едноставни, сепак претставуваат единствен начин како да се заштити здравјето на сите граѓани.

„Недозволиво е поединци да мислат дека може да го изиграат законот. Недозволиво е поединци, несовесни и неодговорни да се обидуваат да ги изиграат институциите. Затоа, тие ќе го добијат одговорот од овие институции“, го заврши своето обраќање пред јавноста дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Next Post

Во Централ парк во Њујорк ќе биде отворена полска болница

Shortcut

Најново

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk