ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: 25 нови случаи на корона вирус кај нас, евидентирани 354 вкупно

Филипче ја отвори пред конференцијата со информацијата дека 5 пациенти се испишани од Инфективната клиника во Скопје и се пратени на домашно лекување.

April 1, 2020 13:48
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство, Венко Филипче на редовната прес конференција која сѐ уште е во тек, информираше за последните промени со корона вирусот кај нас.

Филипче ја отвори прес конференцијата со информацијата дека 5 пациенти се испишани од Инфективната клиника во Скопје и се пратени на домашно лекување.

На 11 од 28-те заразени во Дебар им се прават контролни тестови и се очекува да се негативни според поминатото време во карантин.

Потврден е уште еден смртен случај, 65 годишна пациентка со дополнителна респираторна состојба. Починатата од Лабуништа била постмортем тестирана позитивна на вирусот.

На Инфективната клиника вчера биле примени 9 пациенти, и сега се вкупно 59, од кои 5 се на респиратори.

Во последни 24 часа регистрирани се 25 нови случаи, со што кај нас до денес има 354 евидентирани позитивни на корона вирус. До сега кај нас направени се 3775 тестирања.

Една 80 годишна пациентка од Штип е примена во Скопје, со прв негативен тест, втор позитивен, и заради контакт со неа, превентивно 4 медицински лица се во изолација.

Резервна медицинска сестра на Пулмологија е позитивна на вирусот. Сестрата се придржувала до сите заштити.

За информациите од Гинеколошко-акушерката клиника во Скопје, 27 годишната второротка од Куманово, породена е со царски рез, на 31 март нејзиниот брис бил позитивен на корона вирус. Машкото бебе е недоносено и е во инкубатор. Нема компликации кај него, не е на респираторна помош, туку само на стандардната за предвреме родени бебиња. Денес и бебето ќе биде тестирано. Пациентката кога била примена немала температура, но кажала дека имала симптоми претходно, како и член на нејзиното семејство кој бил вратен од Хрватска, земја со среден ризик. Пациентката е пренесена на Инфективната клиника, а бебето е на ГАК.

Другата, 37 годишна родилка од Охрид која почина, била примена со висока температура и констатиран мртов плод. Земен ѝ бил брис за тестирање за корона вирус. Плодот бил отстранет и можно е тоа да било една од причините за нејзината високата температура. Пациентката била со неколку отежителни карактеристики, меѓу кои и зголема телесна тежина. Случајот ќе се анализира и за постапката на Брзата помош и за сите други околности. ГАК е целосно безбедна од корона вирусот, има целосно изолиран оперативен дел и дел за интензивна нега,

Исто така, во врска со трудниците и родилките, министерот апелира сите оние кои доаѓаат на ГАК да кажуваат искрено и точно за сѐ што се прашани за да може соодветно да се постапува. Ретки се случаите на пренесување на вирусот од трудница на плод, додаде министерот.

Породилното отсуство е дискутирано на централен штаб, ќе има и законска измена со цел да се продолжат постоечките породилни боледувања бидејќи мајките не можат да ги запишат децата во градинка сега во вонредна состојба.

Воспоставена е координација меѓу институциите и тоа е од многу голема помош. Имаме капацитет, здравствениот систем е спремен и за поголем број пациенти, и за пикот на епидемијата кој е најавен за крајот на месец април.

Министерот нагласува дека заштитна опрема и резерви има во огромен број, се врши и соодветен транспорт на истите, информацијата дека нема заштитна опрема по амбулантите не е точна. Секоја здравствена институција има и тимови за координација по ова прашање.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Минчев: Граѓаните да бидат сигурни дека администрацијата ќе работи во служба на јавниот интерес, а не под нечиј диктат

July 17, 2025
Фото: ВИ

Мбапе осомничен за поткуп на полицајци

July 17, 2025

СДММ: Наместо реновирање, ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk