Во рамките на мерките за превенција на Владата, општина Аеродром и градоначалникот Марин, најавија дека од општината ќе им бидат обезбедени компјутери на оние ученици кои спаѓаат во социјално разнливите категории.
Иако и Министерството на образование и наука наведе дека секој ученик кој нема услови или соодветна технологија за следење на наставата, да го контактира министерството или матичното училиште кое потоа ќе го контактира министерсвото.
Градоначалникот Марин на својот Фејсбук статус пиша:
„Училиштата во Општина Аеродром обезбедија компјутери за учениците од социјално ранливите категории, со цел непречено одвивање на онлајн-наставата. На овој начин, сите ученици ќе имаат можност да се вклучат во алтернативниот вид настава преку платформата „Google Classroom“.
Во Општина Аеродром успешно се одвива овој вид настава во сите училишта и детски градинки, а се спроведе како резултат на затворањето на училиштата и мерките на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19.“