ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

12: Насилниците од Штип без правен застапник, помош од Владата за оние кои останаа без работа, родилката на ГАК е стабилна, бебето е негативно на Ковид-19, дигитализација на администрацијата со европската ИСА2

Настаните до 12,00 часот.

April 3, 2020 11:10
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ВЛАДАТА предводена од СДСМ, обезбедува директна помош во исплата на месечен приход-плата за месеците април и мај при што опфатени се околу 250.000 работници и околу 35.000 компании, кои имаат директна штета од корона вирусот.

ОТКАКО неколку адвокати понудија бесплатна правна помош за девојката од видеото, штипската телевизија Тв Стар денес на својот Фејсбук статус, повикувајќи се на свои извори, информира дека двајцата насилници не можат да најдат правна помош бидејќи ниту еден адвокат не сака да ги брани.

ДИРЕКТОРКАТА на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, Викторија Јовановска денеска изјави дека родилката со корона вирус е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана на Инфективната клиника, додека бебето, кое беше утврдено дека е негативно на корона вирус, е во стабилна здравствена состојба, иако е родено предвреме.

НАЈБРЗО ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да дојдат во текот на месецов, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска

ОЧЕКУВМЕ да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор. Токму тоа и беше целта на измените на регулативата за работењето на банките, коишто ги донесовме, истакна гувернерката Анита Ангеловска – Бежовска

ВО соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со Ковид-19 во земјава, соопшти Министерството за здравство.

ПИРОВСКА: Жртвите немаат доверба во институциите, не веруваат дека институциите ќе ги заштитат, што не е за осудување ако се има предвид дека многу ретко насилниците ја добиваат санкцијата која што треба да ја добијат.

ОСНОВНОТО јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за издавање казнени налози во висина од по 2 000 евра за вкупно 44 лица кои го нарушиле полицискиот час во Скопје и едено лице што не почитувало задолжителна самоизолација.

ПОЖАР избувнал утрово во куќа во Кавадарци. За среќа не настрадал  70-годишниот сопственик.

КОМЕСАРОТ Хан, потенцираше дека на овој начин, со влегувањето на Северна Македонија во оваа програма, ние сме веќе дел од Европската Унија. Тој ги поздрави напорите на нашата држава за приклучување кон ИСА2, а како потврда за тоа е отстапката што ја прави ЕУ, овозможувајќи и на Северна Македонија, полноправно членство во оваа програма.

АМЕРИКАНСКАТА нафта WTI падна за 1,14 долари или 4,5 отсто на 24,18 долари за барел на азиското тргување, по што вчера скокна за рекордни 24,7 проценти.

ДЕМОКРАТСКАТА партија на САД заради пандемијата од корона вирусот за август ја одложи партиската конвенција на која формално се избира нивниот претседателски кандидат за изборите во ноември.

ВУЛКАНОТ Питон де ла Форнез, што се наоѓа на францускиот остров Реунион во Индискиот океан, а важи за еден од најактивните и најнабљудуваните во светот, рано утринава еруптира по  втор пат годинава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче на ФБ: Здравствени работници чувајте се и грижете се за себе

НАЈНОВО

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi – ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk