ВЛАДАТА предводена од СДСМ, обезбедува директна помош во исплата на месечен приход-плата за месеците април и мај при што опфатени се околу 250.000 работници и околу 35.000 компании, кои имаат директна штета од корона вирусот.
ОТКАКО неколку адвокати понудија бесплатна правна помош за девојката од видеото, штипската телевизија Тв Стар денес на својот Фејсбук статус, повикувајќи се на свои извори, информира дека двајцата насилници не можат да најдат правна помош бидејќи ниту еден адвокат не сака да ги брани.
ДИРЕКТОРКАТА на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, Викторија Јовановска денеска изјави дека родилката со корона вирус е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана на Инфективната клиника, додека бебето, кое беше утврдено дека е негативно на корона вирус, е во стабилна здравствена состојба, иако е родено предвреме.
НАЈБРЗО ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да дојдат во текот на месецов, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска
ОЧЕКУВМЕ да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор. Токму тоа и беше целта на измените на регулативата за работењето на банките, коишто ги донесовме, истакна гувернерката Анита Ангеловска – Бежовска
ВО соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со Ковид-19 во земјава, соопшти Министерството за здравство.
ПИРОВСКА: Жртвите немаат доверба во институциите, не веруваат дека институциите ќе ги заштитат, што не е за осудување ако се има предвид дека многу ретко насилниците ја добиваат санкцијата која што треба да ја добијат.
ОСНОВНОТО јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за издавање казнени налози во висина од по 2 000 евра за вкупно 44 лица кои го нарушиле полицискиот час во Скопје и едено лице што не почитувало задолжителна самоизолација.
ПОЖАР избувнал утрово во куќа во Кавадарци. За среќа не настрадал 70-годишниот сопственик.
КОМЕСАРОТ Хан, потенцираше дека на овој начин, со влегувањето на Северна Македонија во оваа програма, ние сме веќе дел од Европската Унија. Тој ги поздрави напорите на нашата држава за приклучување кон ИСА2, а како потврда за тоа е отстапката што ја прави ЕУ, овозможувајќи и на Северна Македонија, полноправно членство во оваа програма.
АМЕРИКАНСКАТА нафта WTI падна за 1,14 долари или 4,5 отсто на 24,18 долари за барел на азиското тргување, по што вчера скокна за рекордни 24,7 проценти.
ДЕМОКРАТСКАТА партија на САД заради пандемијата од корона вирусот за август ја одложи партиската конвенција на која формално се избира нивниот претседателски кандидат за изборите во ноември.
ВУЛКАНОТ Питон де ла Форнез, што се наоѓа на францускиот остров Реунион во Индискиот океан, а важи за еден од најактивните и најнабљудуваните во светот, рано утринава еруптира по втор пат годинава.