Со денови не стивнуваат реакциите на дел од битолчани кои се против сместувањето на нивните сограѓани во карантин, во хотелите во и околината на Битола. Говор на омраза, повици за линч, страв и осуда можат да се најадат на многу профили и налози на Фејсбук и Твитер.
На Фејсук се појави и повик на извесен Јане од Битола кој според многумина на саркастичен начин ѝм порачува на битолчани, штом толку се плашат, да ги запалат хотелите во кои има сместени граѓани во карантин. Дали се работи за сарказам или вистински повик за линч, знае само Јане, но и министрот за здравство Венко Филипче и МВР реагираа, да бидеме претпазиливи со стигматизацијата и осудата на луѓето во карантин и изолација.
Одредени битолчани беа посебно сензитивни кога станува збор за луѓето сместени во карантин во нивниот град, во хотел Епинал во центарот на градот и во Молика на Пелистер. На социјалните мрежи се појавија објави и повици да се преместат на друго место затоа што ќе „ѝм донеле“ корона вирус.
По оваа објава и постови на одредени граѓани, заменик-министерката за внатрешни работи – Славјанка Петровска, извести дека веќе овој случај е пријавен во полицијата.
-Попладнево на социјалната мрежа ФБ беше споделуван пост од лице кое повикува на насилство кон нашите сограѓани кои се наоѓаат во хотелите кои се наменети за државен карантин. Случајот го пријавив и се постапува. Повикот за линч, насилство и говор на омраза не смее и нема да биде толериран, без оглед кон кого е насочен, соопшти Петровска.
И.Т.З.