ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Општина Ѓ.Петров: ДПМНЕ лаже и во време на пандемија – не е точно дека средства за дезинфекција се алоцираат за јадење

Точно е дека за расипничко делување и луксузирање во општина Ѓорче Петров најповикан да зборува е Бојан Стојаноски. Но, на своите јавни настапи тој треба да им објасни на граѓаните на Ѓорче Петров како во 2017 година, дури тој бил советник, само за една вечер потрошиле 10.000 евра за јадење и пиење, регираат од Општина Ѓорче Петров.

April 4, 2020 13:08
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека целиот свет е во невидена војна во обид да се справи со Ковид-19, единствено ВМРО-ДПМНЕ води ниска политичка кампања. Прес-конференции за кои единствено аплауз добиваат од присутните во „Белата палата“, пишува во реакцијата на Општина Ѓорче Петров.

„Точно е дека за расипничко делување и луксузирање во општина Ѓорче Петров најповикан да зборува е Бојан Стојаноски. Но, на своите јавни настапи тој треба да им објасни на граѓаните на Ѓорче Петров како во 2017 година, дури тој бил советник, само за една вечер потрошиле 10.000 евра за јадење и пиење.

Како за последните осум месеци од својот мандат тој и неговите сопартијци дигнале рака во Советот на општина Ѓорче Петров и дозволиле да се потрошат 30.000 евра за луксузни вечери, ресторани, скапи вина, музика, по теркот на матичната партија.

Oпштина Ѓорче Петров

Точно е и дека има дупки во општинскиот буџет, но и за тоа најдобро можат да објаснат Стојаноски и неговите сопартијци. Како за без пари едногласно му подарија дел од паркот на „Трансмет“, а за возврат граѓаните добија долг кој треба да го враќаат уште години.

Општина Ѓорче Петров ги објавува огласите за јавни набавки согласно Планот за јавни набавки. Донесена е одлука за избор на најповолна понуда за набавка на угостителски услуги на 19.03.2020 година. Но, истовремено нејзината реализација е ставена во мирување согласно заклучокот на Кризниот штаб на општина Ѓорче Петров, да се запрат сите непродуктивни трошоци и договорите за таквите трошоци да се стават во мирување поради вонредната состојба.

Тотална лага е дека 10.000 евра во моментов наместо за набавка на средства за дезинфекција се алоцираат за јадење и пиење.

Повторно е фатен во лага кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, кој единствено со манипулација и замајување на јавноста мисли дека ќе седне во собраниското столче.

Дванаесетгодишната сапуница на интриги, крадење и злоупотреба на народот е одамна одгледана серија и прочитано сценарио на ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Ѓорче Петров е целосно посветена на справувањето со пандемијата од Ковид-19. Наместо ситно политичко профитерство, локалната самоуправа безрезервно со сите свои расположливи ресурси стои на располагање на граѓаните.

Приоритет ни се граѓаните и нивното здравје, а битката на политичкиот терен со факти и аргументи ја оставаме за подобри времиња“, се вели во соопштението на општината.

Next Post

Прилеп: Еден лекар од Инфективно одделение позитивен на Ковид 19, друг во самоизолација

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk