Познатата американска пејачка Пинк објави дека е позитивна на корона вирусот, како и дека ќе донира по 500 илјади долари за две служби за итни ситуации.
Пејачката се залага за слободно и широко тестирање.
– Неуспех е на властите што тестовите не се достапни. Оваа болест е сериозна и реална. Луѓето мораат да знаат дека ги напаѓа и младите и возрасните, и здравите и болните, и богатите и сиромашните. Затоа тестовите мораат да бидат широко достапни, за да ги заштитиме нашите деца, семејства, пријатели и општеството, истакна Пинк.